Ѓоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС Опен - Канал 5

Ѓоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС Опен

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД, откако рано утрово го победи Џон Милман од Австралија.

Ѓоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС Опен

Иако од резултатот (6:3; 6:4 и 6:4) се добива впечаток дека Србинот лесно дојде до победата, сепак мечот траеше речиси три часа и во него се водеше голема борба за секој поен.

За Ѓоковиќ ова е 33. Полуфинале на Грен слем турнирите во неговата кариера и 11 во низа на УС Опен.

Негов противник во мечот за финале ќе биде јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.

Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат Рафаел надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна Кореја

Северна Кореја ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја и изјави дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана, објавија севернокорејските државни медиуми.

Северна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна Кореја

Повикувајќи се на севернокорејската новинска агенција „KCNA“, Ројтерс објави дека Пјонгјанг изјавил дека Северна Кореја ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана за да се спротивстави на „воените закани од американските и јужнокорејските сили“.

Соопштението на „KCNA“ ги осуди воените вежби, велејќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека му наредил на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Јужна Кореја затоа што земјата не сака да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран.

„Врз основа на мојот многу добар однос со претседателот Ким од Северна Кореја, не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Овие вежби не само што се скапи за САД, кои ги сносат поголемиот дел од трошоците (како и обично!), туку испраќаат сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски настроен кон земја која, сè додека Доналд Џ. Трамп е претседател, не претставува никаква закана“, рече Трамп во претходна објава на социјалната мрежа „Truth Social“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција

 Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.

Првиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција

Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман.

Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари.

Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура.

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

Со предложеното законско решение ќе се создадат услови за непречено функционирање на Академијата, вклучително и за надминување на досегашниот застој и продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели на Академијата.

Предложениот закон предвидува унапредување на нормативната рамка за функционирање на Академијата, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на програмите за почетна и континуирана обука.

Посебно внимание на средбата беше посветено на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети, имајќи го предвид обемот на активностите што следуваат.

Министерството за правда и Академијата продолжуваат со заедничка работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер