3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТенисЃоковиќ против Фриц во полуфиналето на завршниот турнир во ТориноАмериканскиот тенисер Тејлор Фриц ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино. Американецот Тејлор Фриц синоќа се избори за место во елитното полуфинале на завршниот турнир во Торино, откако во третото коло од Зелената група го совлада Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме со 2:1 во сетови 7:6, 6:7, 6:2. Фриц кој е девети тенисер на АТП листата го освои второто место во групата зад норвешкиот Каспер Руд, а во полуфиналето ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој пред крајот на колото го обезбеди првото место во Црвената група. Во вториот полуфинален натпревар Руд ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Гркот Стефанос Циципас и Русинот Андреј Рубљев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.Тагови: Срдановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКрузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)Синоќа, крузерот „Mein Schiff 3“, управуван од германската компанија „TUI Cruises“, се судри со два контејнерски брода при испловување од пристаништето Бремерхафен во северна Германија.Според полицијата, крузерот удрил во два брода, иако од „TUI Cruises“ потврдија судир со само еден товарен брод, пренесува „Bild“. Во судирот, еден од товарните бродови претрпе оштетувања на страничниот дел. Нема повредени, но патниците мораа да ја поминат ноќта на бродот, кој утрово сè уште се наоѓаше во Бремерхафен. Планираното 20-дневно крстарење до Канарските Острови е откажано, а на патниците им е препорачано да се вратат дома, објави утрово германскиот јавен сервис „NDR“. Крузерот требаше вчера да исплови кон Канарските Острови. И покрај невремето, тој тргна од кејот „Колумбускаје“ околу 17:00 часот, со помош на влекачи. Сепак, набргу наиде на тешкотии во близина на контејнерскиот терминал. Според полицијата, силен налет на ветер околу 17:30 часот го турнал крузерот кон усидрените контејнерски бродови. И покрај помошта од влекачите, бродот не успеал да го задржи курсот. 🇩🇪 KAPAL PESIAR TABRAK DUA KAPAL KONTAINER DI JERMAN Di tengah badai hebat yang melanda Bremerhaven, kapal pesiar Mein Schiff 3 menabrak dua kapal kontainer. Kapal milik TUI Cruises itu berhasil kembali ke dermaga. Hampir 2.500 penumpang dan lebih dari 900 awak berada di kapal saat insiden terjadi. Tidak ada korban luka. — Sputnik Nusantara (@Spt_Nusantara) October 26, 2026 Во тој момент, во пристаништето бил усидрен голем контејнерски брод, „MSC Victorine“; крузерот удрил токму во овој брод. На фотографиите се гледаат значителни оштетувања на неговиот страничен дел. Според полицијата, во инцидентот бил вклучен и втор контејнерски брод. Полицијата потврди дека и крузерот и големиот товарен брод претрпеле значителни оштетувања, иако точниот обем на штетата сè уште не е познат. „Судир каков што никогаш претходно немале доживеано“ Кристијан Бреден, кој ги оставил своите родители – на возраст од 69 и 68 години – на крузерот, раскажа дека забележал проблеми уште при самото испловување. „Бродот стоеше во место неколку минути, на околу 30 метри од брегот. Не можеше да напредува против ветерот. Налетите беа навистина силни“, изјави Бреден. 🚨 BREAKING: Cruise liner Mein Schiff 3 has collided with two container ships while departing Bremerhaven, #Germany. One container ship suffered a massive 10-meter hull breach. 3,350 people were aboard the cruise liner. #esgq #Tatort #Eleições2026 https://t.co/7vE9rJ9mGa — Eyes on the Globe (@eyes_globe) October 26, 2026 Тој објасни дека пловилото потоа почнало бавно да се движи, а околу десет минути подоцна дошло до судир. Неговите родители биле во кабина на десната страна од крузерот – токму на онаа страна што удрила во товарните бродови. „Родителите ми рекоа дека ударот бил таков каков што никогаш претходно немале доживеано. Бродот се затресе и силно се заниша“, раскажа Бреден. По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, што го потврди и компанијата „TUI Cruises“. Патниците останале на бродот преку ноќ додека експертите ја проценувале штетата. Според моменталните информации, нема повредени меѓу патниците или членовите на екипажот. Полицијата во Бремен продолжува да ги истражува околностите под кои се случил судирот. Извор: Индекс.хрТагови: Германија крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook