Ѓоковиќ победник на Мастерсот во Мајами - Канал 5

Ѓоковиќ победник на Мастерсот во Мајами

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Мајами откако во финалето го победи Енди Мареј со 2:1 во сетови (7:6 (7:3), 4:6, 6:0).

Ѓоковиќ победник на Мастерсот во Мајами
Првите два сета минаа во изедначена борба во кој првиот му припадна на Ѓоковиќ во тај брејкот, а вториот го освои Мареј со брејк предност.

На паузата меѓу вториот и третиот сет Ѓоковиќ имаше жесток дијалог со судијата на стол.

Во решавачкиот сет „разлутениот“ Ѓоковиќ на ривалот не му дозволи да освои ниту еден гем.

Ова за Ѓоковиќ беше 51.титула во кариерата, а трета оваа година по Австралија Опен и Индијан Велс./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТАВ Македонија воведува нови правила за користење на зоната „Hug & Fly“

ОД 1 СЕПТЕМВРИ: Се менуваат правилата за бесплатно користење на зоната за кратко застанување на Меѓународниот Аеродром Скопје – Hug & Fly

ТАВ Македонија воведува нови правила за користење на зоната „Hug & Fly“

Од 1 септември 2026 година, ТАВ Македонија воведува нови правила за користење на зоната „Hug & Fly“, односно улицата која што се наоѓа пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје,каде што патниците се испраќаат или се дочекуваат од патување.

Улицата пред терминалната зграда, односно зоната „Hug & Fly“и понатаму останува наменета за бесплатно кратко запирање во времетраење од 10 минути со цел оставање и преземање патници, со тоа што според новите правила за паркирање, секое возило ќе има можност да влезе, транзитира и паркира бесплатно 10 минути само еднаш во текот на 24 часа

Целта е непречен проток на возилата како и безбеден и едноставен пристап на патниците до терминалот.

Автоматското препознавање на регистарските таблички ќе овозможи ефикасно управување со пристапот и непречено одвивање на сообраќајот, особено во периодите со зголемена фреквенција на патници.

Промената е насочена кон одржување на непречен проток на возила до аеродромот и обезбедување безбедни услови за патниците, посетителите и возачите при пристапот до терминалот.

За оние кои имаат потреба од подолг престој, големиот паркинг на скопскиот аеродром, кој се наоѓа пред терминалната зграда и има на располагање 1200 паркинг места за автомобили и 6 паркинг места за автобуси останува достапен во секое време.

Приоритет на ТАВ Македонија е пристапот до терминалот да биде безбеден, ефикасен и едноставен, со цел да обезбедиме удобно искуство за сите патници и посетители.

За сите детали во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и цените за подолго од 10 минути паркирање на улицата пред терминалот односно во зоната за кратко застанување Hug&Fly, посетете ја нашата веб-страница: https://www.airports.com.mk/en-EN/passenger/park/page/parking-subscriptions

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ со реакција по тајната посета на шефот на ЦИА во Москва (ВИДЕО)

Кремљ потврди дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, вчера бил во Москва на разговори со руски разузнавачки претставници. 

Кремљ со реакција по тајната посета на шефот на ЦИА во Москва (ВИДЕО)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека шефот на ЦИА не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин, но нагласи дека Путин бил веднаш и целосно информиран за исходот од разговорите.

Песков одби да каже што точно се разговарало зад затворени врати, велејќи само дека контактите се одржувале преку безбедносните служби. Тој нагласи дека ваквите контакти често продолжуваат дури и во најтешките периоди во односите меѓу двете земји, но додаде дека е прерано да се каже до кој степен ова ќе помогне односите да излезат од длабока криза.

Мистериозната и ненајавена посета се случи во време кога Вашингтон собира информации за руските планови за нова мобилизација и ескалација, и во услови на застој во напорите за постигнување договори за војните во Украина и Иран. Корисниците на Flightradar и очевидци забележаа американски воен транспортен авион C-17A Globemaster и авион C-40B како слетуваат на московскиот аеродром Внуково рано во вторник наутро, по што следеше конвој дипломатски возила што минуваа низ Москва.

Итно предупредување од САД?

Ратклиф помина само четири часа во руската престолнина пред неговиот авион да се врати назад. Мајкл Вајс, еден од најупатените американски новинари за безбедносни прашања, истакнува дека толку краток престој јасно укажува дека руската страна добила само итна порака и директно предупредување од Вашингтон.

Според Вајс, целта на посетата била да се предупреди Москва за опасноста од руска ескалација против Европа и членките на НАТО, што е поврзано со американските податоци за саботажа од страна на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) во европските земји. Ситуацијата потсетува на ноември 2021 година, кога тогашниот директор на ЦИА, Бил Бернс, отиде во Москва за да ги предупреди Русите за последиците од нападот врз Украина.

Поранешната заменик-директорка на американското национално разузнавање, Бет Санер, забележува дека целта на посетата може да биде јасна порака до Москва дека Вашингтон знае што се планира, но и предупредување поради руската воена и политичка поддршка за Техеран по новиот бран американски санкции против Иран.

Тајните канали никогаш не престануваат да работат

Иако политичките и дипломатските односи меѓу Вашингтон и Москва се на најниско ниво, безбедносните канали за комуникација останаа активни. Ратклиф и шефот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин се во редовна комуникација од пролетта 2025 година за да одржат стратешка стабилност и да избегнат директен воен конфликт.

Руските аналитичари потсетуваат дека двете страни гледаат голема вредност во овие тајни линии. Додека политичарите разменуваат остри пораки јавно, шефовите на разузнавачките агенции зад затворени врати можат многу подиректно и попрагматично да разговараат за најопасните точки на конфликт на глобално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камавинга желба на Јунајтед и Челзи

Премиерлигашките гиганти, трофејните,  Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за ангажман на Французинот,  Едуардо Камавинга.

Камавинга желба на Јунајтед и Челзи

Црвените ѓаволи од Манчестер веќе подготвиле понуда од околу 50 милиони евра за играчот од средниот ред на Реал Мадрид.

Англискиот клуб бара засилувања во средниот ред, а Камавинга се наметнува како прва опција како се ближи крајот на преодниот рок.

Последните денови од преодниот рок во Европа, интерс за Камавинга покажа и тимот на Челзи.

Камавинга му се приклучи на Реал Мадрид од Рен во 2021 година за сума од приближно 40 милиони евра и оттогаш со клубот ги освои сите важни трофеи.

Французинот може да игра како централен или дефанзивен играч за врска, па дури и како лев бек, што го прави особено привлечен за Јунајтед, клуб кој бара разновиден играч способен да покрие повеќе позиции. Иако останува клучен дел од тимот на Реал, неговата позиција не е сосема недопирлива.

Плановите на Реал за летото делумно зависат од можните заминувања, а Манчестер Јунајтед се обидува да ја искористи таа ситуација за да го доведе 23-годишниот Французин на „Олд Трафорд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер