Ѓоковиќ по поразот од Кацарев вели дека не се чувствувал добро за време на мечот - Канал 5

Ѓоковиќ по поразот од Кацарев вели дека не се чувствувал добро за време на мечот

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во финалето на домашниот АТП турнир Србија опен во Белград, бидејќи во саботното полуфинале, по скоро три и пол часа, Русинот Аслан Карачев го победи со 7: 5, 4: 6, 6: 4.

Ѓоковиќ по поразот од Кацарев вели дека не се чувствувал добро за време на мечот

Коментирајќи го исходот на натпреварот, Ѓоковиќ рече дека има здравствени проблеми.

„Честитки за Карачев, тој играше храбро. Честитки за него, тој ја заслужи победата. Имаше подеми и падови во мојата игра, имав и здравствени проблеми последните два дена, но тоа не ги намалува неговите заслуги. Веројатно нема да ги паметам сите антологиски точки од овој натпревар затоа што изгубив. Не сум задоволен од тоа како играв, но се борам. Бев блиску, но тој играше феноменално и храбро секој пат и тоа му се исплатеше “, рече Ѓоковиќ, а потоа подетално ги објасни плановите:

"На моменти немав среќа. Веројатно, ако го анализирав целиот натпревар, сето тоа ќе се сведе на еден или два удари на ова високо ниво. Тоа е спорт, понекогаш среќата е на ваша страна, понекогаш не. Повторувам, Ролан Гарос е мојата крајна цел и се надевам дека ќе играм најдобро кога е најважно. Ќе дадам се од себе “.

Потоа додаде дека ова е разочарувачки исход на неговиот домашен турнир и подетално зборувал за проблемите со кои се справувал и за плановите.

„За мене е невообичаено, претежно сум целосно подготвен, а во третиот сет имав вртоглавица“.

„Не можам однапред да планирам на кои турнири ќе играм, само мислам на грен слем турнирите, ќе видиме како ќе се одвива. Фокусиран сум на Ролан Гарос, каде ќе мора да играм подобро ако сакам да постигнам добар резултат “, заклучил Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. 

Променливо време со ниски утрински температури

Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 8 степени, а дневната до 25 степени.

До крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 29. септември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 29. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 29. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе продолжите да се забавувате како да не постѕојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од се и да останете насмеани.

Кариера

Во работните задачи со млади , ќе откриете инвентивни идеи , кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред.

Здравје и совет

За спортистите денеска е добар ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Саканата личност денеска најверојатно пријатно ќе ја изненадите со некој готварски деликатес.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе постигнат договор со шефовите без да ве прашаат, па сепак тоа ќе биде во ваша корист.

Здравје и совет

Немир и нервоза.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина ќе имаат потреба да излезат , да прошетаат , да сретнат интересни лица и со нив да споделат што им лежи на срцето.

Кариера

Во дејностите каде има слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите добро познати дејности ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Занимавајте се со она што го сакате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во љубовните прашања денеска нека ве води вашата интуиција. Со таква помош , се ќе биде подобро и полесно.

Кариера

На многумина од вас денеска нема да им се работи . Расположението ќе ве води во неистражени подрачја и хобија.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ја пополнувате ваквата празнина.

Кариера

Со новите ,,стручни” планови и потези би можеле да бидат загрозени некои права на вашите колеги.

Здравје и совет

Помогнете им на послабите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Ако тоа ви е премногу комплицирано , почекајте.

Кариера

Ќе се обидете да се приберете и јасно да ги изразите своите намери . Ќе биде тоа чекор напред во расчистување на една работа.

Здравје и совет

Бидете прецизни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои сеуште се сами , нека не се откажат од додворувања.

Кариера

Следува добар развој на настаните поврзани со странска фирма или со партнери од странство.

Здравје и совет

Чувајте се од сопствената грубост.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Какошто ќе минува денот , се повеќе ќе сфаќате дека работите си доаѓаат на свое место. Тоа ќе ве направи среќни.

Кариера

Дернешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите киолеги на работното место. Најдете компромис.

Здравје и совет

Здравјето ви е стабилно и добро.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска.

Кариера

Вашата деловна комуникација денеска одлично ќе се одвива . Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања.

Здравје и совет

Мали недоразбирања при договарањата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку ви се пристори дека ви недостига страст во интимните односи , препуштете му се на партнерот. Саканата личност тоа ќе го надомести.

Кариера

Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Не се гржете, сето тоа ќе се врати од друга страна.

Здравје и совет

Движете се повеќе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и џдека во љубовта им се остваруваат бројните желби. Чувајте го тоа.

Кариера

Повеќето од вас денеска успешно ќе ја поврзат креативноста , интуицијата , стандардните работи и опуштениот пристап кон нив.

Здравје и совет

Ќе бидете комплетни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Без оглед на малите внатрешни немири , вие денеска толку многу ќе блескате , што тоа ќе се пренесе на сите околу вас. Среќни сте.

Кариера

Ќе ги игнорирате анализите од претходниот период кои уште не се во целост готови и со сигурност ќе се посветите на денешните задачи.

Здравје и совет

Вие сте посилни од немирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Боцевски и Никола Димитров во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Никола Димитров

Ивица Боцевски и Никола Димитров во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер