Изборот беше организиран по 66-ти пат од Полската национална агенција (ПАП), а како и сите претходни години.
Ѓоковиќ доби вкупно 178 поени. Српската тенисер оваа награда ја доби во 2011, 2015, 2018 и 2021 година.
Популарниот Ноле годинава освои седум трофеи, вклучувајќи три Грен слемови (Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен) и завршниот Мастерс во Торино. Тој по осми пат во кариерата ја заврши сезоната на врвот на АТП листата.
Второто место во изборот за најдобар европски спортист му припадна на светскиот шампион во Формула 1 летечкиот Холанѓанец, Макс Верстапен (150 поени), а на третата позиција во изборот заврши шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 86 поени.
На четвртата позиција е неверојатниот напаѓач на Англискиот и европски фудбалски шампион Манчестер Сити, Норвежанецот Ерлинд Халанд со 80 бодови.
Петтото место му припадна на предводникот на НБА шампионот Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ со 74 поени.
Во Топ 10 се и полската тенисерка Ига Швионтек (72), норвешкиот биатлонец Јоханес Тињес Бу (51), холандската атлетичарка Фемке Бол (49), швајцарскиот скијач Марко Одермат (44) и данскиот велосипедист Јонас Вингегард (40).