ТенисЃоковиќ останува во имиграциски хотелЃоковиќ останува во имиграциски хотел, австралиски суд во понеделник ќе одлучува дали ќе биде вратен домаСрпскиот тенисер Новак Ѓоковиќ останува во Австралија до понеделник за кога е најавена конечната одлука на Федералниот окружен суд околу неговиот влез во земјата и настапот на тенискиот турнир Австралија Опен. Додека ја чека одлуката, тој е сместен е сместен во имигрантски хотел. На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа Ѓоковиќ како од хотелот ги поздравува Србите собрани пред објектот да му дадат поддршка. Австралиските гранични служби синоќа му одбија влез на Ѓоковиќ во земјата и му беше поништена визата со образложение дека не обезбедил докази за двојна вакцинација или медицинско ослободување. По австралискиот премиер Скот Морисон кој на социјалните мрежи потсети на важечките правила за влез во земјата за време на Ковид пандемијата, и министерот за здравство Грег Хант порача дека правилото е едно и важи за сите. -ИБФ не може да потврди дека Господинот Ѓоковиќ не успеал да обезбеди соодветни докази за да ги исполни условите за влез во Австралија и визата е поништена. Значи останува на него дали ќе поднесе жалба на тоа, но ако визата е поништена ќе мора да ја напушти земјата. Австралијците во разни држави и територии мораат да го прикажат нивниот вакцинален сертификат, во некои случаи и да влезете во некои објекти и кафулиња. И не е неразумно да ги имаме истите барања за сите кои влегуваат во оваа земја. Значи фер и правично за сите. Да тешко е, но е фер, и е правично и е едно правило за сите под австралиската влада, вели Хант. Во Србија веста предизвика јавен револт. Претседателот Александар Вучиќ вели дека против Ѓоковиќ се води хајка. Додава дека се во контакт со сите институции. -Она што не е фер е да се води општо - политичка хајка, во која учествуваат сите, од австралискиот премиер и глумејќи како правилата важат за сите. Повеќето тенисери тие ги пуштија под исти услови под кои Новак Ѓоковиќ не го пуштија. На секој му е јасно за што овде се работи. Јас немам влакна на јазикот и не се плашам да ја кажам вистината, затоа што мојата работа е да ги штитам интересите на граѓаните на Србија. Но јас се плашам дека тој начин на општо – политичко изживување ќе продолжи врз Новак Ѓоковиќ за да тие докажат некои други работи, а кога некој не можете да го победите тогаш се занимавате со вакви работи, вели Вучиќ. Двонеделниот тениски турнир Австралија Опен, кој треба да почне на 17 јануари, е еден од врвните настани во светскиот тенис со публика од стотици милиони. Ѓоковиќ е 20-кратен Гренд Слем шампион во сингл и ги освои последните три турнира на Австралија Опен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Шоу бизФото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.Популарната босанка пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикиниНајдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен. Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи. На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето. На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор. Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика. Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот. Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година. Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook