Ѓоковиќ очекува да игра во САД, но се уште не добил дозвола - Канал 5

Ѓоковиќ очекува да игра во САД, но се уште не добил дозвола

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одржа вонредна прес-конференција по победата на Австралија опен.

Ѓоковиќ очекува да игра во САД, но се уште не добил дозвола

Не беше ништо драматично како што може да биде кога станува збор за вонредни конференции за печат. Ѓоковиќ само откри кои се неговите планови за блиска иднина.

Најпрво се очекува да настапи на турнирот во Дубаи, по што треба да се упати во Соединетите Американски Држави, односно на турнирите од сериите Мастерс во Индијан Велс и Мајами, на кои не бил извесно време. . Сѐ зависи од тоа дали ќе може да влезе во САД.

„Процесот е во тек и тоа е сѐ што знам. Тоа се работи кои се надвор од моја контрола. Секако дека би сакал да играм и затоа што ја добив поддршката од директорите на Индијан Велс и Мајами. Тие сакаат да дојдам, сакам да дојдам и се надевам дека ќе добијам позитивен одговор и од трета страна“, рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер се залага за антиваксерски позиции од почетокот на пандемијата на коронавирус. Тој не сакаше да се вакцинира и со тоа доби забрана за учество на многу турнири, вклучувајќи го и претходниот Австралија опен, кој се претвори во судска драма.

Ѓоковиќ моментално за првото место на АТП-листата е во конкуренција со младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, за ​​кого рече дека не му е вистински ривал, туку Рафаел Надал, со кој се израмни по бројот на освоени Грен слемови (22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

 Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.

Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер