Ѓоковиќ конечно го доби Надал на „Ролан Гарос’’ - Канал 5

Ѓоковиќ конечно го доби Надал на „Ролан Гарос’’

Србинот Новак Ѓоковиќ по седум меѓусебни дуели против Шпанецот Рафаел Надал славеше победа на терените на „Ролан Гарос’’.

Ѓоковиќ конечно го доби Надал на „Ролан Гарос’’
Првиот носител на Отвореното тениско првенство на Франција, Ѓоковиќ во три сета го победи девет кратниот освојувач на „Ролан Гарос’’ Рафаел Надал, во претпоследниот меч од четвртфиналната рунда.

Единствено во првиот сет Шпанецот беше рамноправен, а Ѓоковиќ сетот го доби со 7:5. Во следните два сета, најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ на надал му препушти само четири гема, и тоа, три во вториот и еден во третиот сет.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот кој е во тек во кој Британецот Енди Мареј инаку трет носител во Париз, води со 2:0 во сетови против седмиот носител Давид Ферер од Шпанија.

Вчера за место во полуфиналето и меѓусебна пресметка се изборија домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга и Стан Вавринка од Швајцарија.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМ

Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.

СДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМ

Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ.

Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата.

Во таа група се наоѓаат луѓе кои директно учествуваа во креирањето на катастрофалните изборни резултати во 2024 година - од шефот на изборниот штаб во Првата изборна единица, до идеолозите на програмата со која СДСМ беше тешко поразен. Кога партијата се најде во најтешка состојба, тие се повлекоа.

Сега, кога СДСМ се опорави, истите тие се враќаат - не за да помогнат, туку за да ја нападнат однадвор, во координација со структури блиски до власта.

Фактот што средбата се одржува зад затворени врати, без никаква транспарентност, а главниот фокус е внатрешен напад врз раководството на СДСМ, а не критика на политиките на Мицкоски, говори сам за себе.

Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.

Учесниците во оваа иницијатива - дел од старата и новата УДБА, луѓе кои ја доведоа партијата до историски најниска поддршка, и кои сега соработуваат со ЗНАМ и други партии - не се реформатори. Тие се политички опортунисти кои, откако не успеаа да ја урнат СДСМ одвнатре, сега се обидуваат да го направат тоа однадвор, во сервис на истата власт против која наводно се борат.

СДСМ нема да дозволи нејзината судбина да ја одлучуваат затворени состаноци во хотели, ниту пак луѓе кои ја напуштија партијата кога беше најтешко, а сега се враќаат како „спасители“.

Вистинската консолидација на СДСМ се случува на терен, меѓу членството и со раководство кое ја презеде одговорноста во најтешкиот момент.

Сè друго е само нова верзија на ЗНАМ - проект за слабеење на опозицијата во корист на националистичката власт.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евтините автомобили не поскапеа– тие едноставно исчезнаа од пазарот

Автомобилската индустрија се префрли на поскапи модели, а евтините автомобили речиси исчезнаа.

Евтините автомобили не поскапеа– тие едноставно исчезнаа од пазарот

Иако просечната цена на нов автомобил во САД сега е околу 50.000 долари, аналитичарите во „Кокс ​​Аутомотив“ веруваат дека автомобилите не се главната причина за проблемот со прифатливоста.

Според нив, најголемиот товар е зголемувањето на трошоците за домување, храна, осигурување, кредит и други трошоци за живот.

Во исто време, новите автомобили нудат значително повеќе опрема отколку што имаа пред една деценија. Системи како што се автоматско сопирање, адаптивен темпомат, помош при одржување на лента и големи мултимедијални екрани сега се стандардни дури и кај попристапните модели.

Сепак, постои и друга страна на приказната. Во последниве години, многу евтини модели исчезнаа од пазарот.

Автомобили како што се „Хонда Фит/Џез“, „Форд Фиеста“ и „Шевролет Спарк“ повеќе не се произведуваат, додека производителите сè повеќе фаворизираат поскапи теренци и подобро опремени верзии.

Како резултат на тоа, купувачите денес имаат многу помал избор на навистина прифатливи нови автомобили отколку што имаа пред една деценија.

Иако растечките трошоци за живот се голем проблем, аналитичарите истакнуваат дека самата автомобилска индустрија придонела за фактот дека прифатливите модели речиси исчезнале од пазарот.

Иако оваа вест се однесува на американскиот пазар, истиот тренд можеме да го видиме и во Европа, каде што многу мали, прифатливи автомобили постепено се исфрлаат од продажба, а нивното место го заземаат кросовери или електрични еквиваленти.

Во двата случаи, станува збор за модели кои се поскапи од оние што ги наследуваат.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце

Потпишан договорот за изградба на автопат Скопје-Блаце.

Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце

„Почитувани претставници на медиумите,

Драги колеги од Владата,

Почитуван амбасадоре Рокас,

Почитуван Фатих,

Претставници од Европската комисија, од Европската банка за обнова и развој,

Почитуван директоре Трајановски, вработени во Јавното претпријатие за државни патишта,

Сите коишто сте денеска овде со нас,

Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници.

Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево.

Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија. Нешто коешто за мене претставува исклучително важно и еден од врвните приоритети на оваа Влада, економскиот развој да продолжи онака како што го поставивме пред две години кога бевме избрани како влада.

Градежништвото како еден од главните драјвери на економскиот развој во годините кои што следат очекувам да продолжи со несмалена динамика. Во месец април имаме исклучително висок степен на реализација на проекти, голем бум на градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека е за речиси една третина подобро од минатата година за истиот месец. Тука зборувам и за ниско и за високоградба, нешто што досега е незабележано во новата историја на државата.

Очекувам во таа насока да се движат работите и во периодот којшто следи.

Но, дозволете да кажам и нешто што граѓаните многу добро го знаат.

Овој автопат со години беше симбол на неисполнети ветувања. Речиси секоја влада го најавуваше, секоја пред избори ветуваше дека токму таа ќе го изгради, а одредени политички партии со години се удираа во гради и зборуваа дека токму тие најмногу се грижат за овој дел од државата. На крајот, од сето тоа останаа само празни зборови, по неколку купени парцели на трасата на оваа делница од овој автопат од одредени лица со сомнителна позадина и лица кои се поврзуваат со некои политички партии, сето останато остана само на ветувања, за жал.

Денес разликата е јасна и видлива. Наместо нови ветувања, имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и започната реализација. И очекувам ако биде сè како што треба со Бога напред, овој или другиот месец, Коце, да почнеме веќе со теренските активности да ги завршуваме.

Така што, знам дека финално останува да се избере надзорот, Александар така ти ме брифираше. Се надевам дека и од банката ќе бидат брзи и експедитивни како што знаат тие сами знаат да бидат, и објективни како што знаат да бидат. И се надевам дека многу брзо и оваа процедура ќе ја завршиме и ќе може да отпочнеме со реализација на овој проект.

Оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори. Сакаме да бидеме запаметени по проекти, по автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат зад нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои со години само ветуваа.

Продолжуваме со работа, продолжуваме со капитални инвестиции и продолжуваме да градиме држава која ќе се движи напред.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер