ТенисЃоковиќ ќе постави рекорд играјќи го 18. Мастерс во Монте КарлоСрпскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло.- Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина го сакаат тенисот. Затоа е голема радост за мене што сум повторно тука, изјави Ѓоковиќ на прес-конференција. Ѓоковиќ ќе ја започне својата кампања на Мастерсот во Монте Карло во второто коло, каде ќе игра против Алехандро Табило од Чиле. Натпреварот ќе се одигра на 9 април. Србинот е 24-кратен Грен слем шампион, поранешен светски рекет број 1 и олимписки шампион од 2024 година. /МИАТагови: Монте Карло Новак Ѓоковиќ Мастерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМладите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години. Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години. Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години. Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом. Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00