Неочекуван потег: Го победи Ѓоковиќ, па се повлече од мастерсот во Монте Карло - Канал 5

Неочекуван потег: Го победи Ѓоковиќ, па се повлече од мастерсот во Монте Карло

Чешкиот тенисер Јакуб Маншик нема да игра во Монте Карло, првиот Мастерс во сезоната на земјени терени.

Неочекуван потег: Го победи Ѓоковиќ, па се повлече од мастерсот во Монте Карло

Тој во неделата го победи својот идол Новак Ѓоковиќ и го освои првиот турнир од серијата 1000, но реши да одмори по големиот подвиг.

На последното рангирање е на 24. место, но се чини дека е психички и физички уморен да одигра уште еден Мастерс на високо ниво.

Кога на сето тоа ќе се додаде дека Меншик би требало да игра во квалификациите за турнирот во Монако, бидејќи списокот на учесници е направен пред крајот на Мајами.

Титулата во Монте Карло ја брани Стефанос Циципас, кој лани во финалето го совлада Каспер Руд со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Базел се подготвува за Евросонг, најавени се протести

Швајцарија се подготвува за можноста за протести во Базел за време на Евровизија оваа недела, бидејќи учеството на Израел на големото музичко натпреварување продолжува да предизвикува гнев поради војната во Газа.

Базел се подготвува за Евросонг, најавени се протести

Градот е домаќин на натпреварот во 2025 година, откако швајцарскиот пејач Немо победи во Шведска минатиот мај со песната „Код“, која се занимава со неговите борби со небинарниот идентитет.

Во Базел ќе има околу 1.300 полицајци

Околу 1.300 швајцарски полицајци ќе бидат распоредени во Базел оваа недела, а дополнителни сили ќе бидат повикани од швајцарските вооружени сили, федералната полиција, како и од соседните Германија и Франција, пред двете полуфинални вечери во вторник и четврток и големото финале во сабота.

За време на последното издание во Малме 2024, илјадници пропалестински демонстранти, вклучувајќи ја и климатската активистка Грета Тунберг, излегоа на улиците. Организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија (EBU), имаа тешкотии да го промовираат своето мото „Обединети во музиката“ и да го одржат настанот политички неутрален.

Сепак, и покрај очекуваните протести, Швајцарците се чини дека се уверени дека ќе одржат незаборавен Евровизиски натпревар. Селин Дион, која го освои натпреварот во 1988 година, се очекува да се врати на сцената, а Швајцарците ветија и настани низ градот, како што се улица за храна и пијалоци, 250 часа музика во живо и евровизиско село.


YouTube video

Матурантите ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип,Битола и Скопје

За да нема препишување, матурантите годинава ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип, Битола и Скопје.

Матурантите ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип,Битола и Скопје

За да нема препишување, матурантите годинава ќе полагаат државна матура во амфитеатрите на универитетите во Штип, Битола и Скопје, најави министерката за образование, Весна Јаневска..

Таа повика и на свесност кај учениците, родителите и наставниците...

YouTube video

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Во домот на британскиот премиер Кир Стармер избувна пожар, по што полицијата започна истрага.

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Пожарот на имотот на британскиот премиер Стармер избувнал рано утрово, објави Метро.

Влезот во куќата бил оштетен во пожаротот.

Полицијата извршила увид, и за среќа, никој не е повреден. Предизвикана е поголема материјална штета.

притисни ентер