Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)
2Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)
Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
ТенисЃоковиќ ја заврши соработката со Енди Мареј!!Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ денеска објави дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот тренер, својот голем пријател Енди Мареј. „Ти благодарам тренеру Енди за посветената работа, забавата и поддршката во последните шест месеци на теренот и надвор од него. Навистина уживав додека го продлабочувавме нашето пријателство заедно“, напиша Новак во своето официјално обраќање.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје се сеќава…На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана.За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна. Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж. Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност. Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет. Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат. Скопје памети. Скопје тагува. Но Скопје никогаш не престанува да живее, да се обновува и да чекори напред. Нека е вечен споменот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Нека живее Скопје - градот на солидарноста, надежта и непокорот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЌерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонката уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегазила куче, тврди дека шарпланчанецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство.Таа рече дека на видеото се гледа и нивното мало куче Ши Цу, кое претходно го убил шарпланинецот, тежок повеќе од 50 килограми. Според нејзините зборови, кучето влегло во нивниот стан, им го растргнало домашното милениче пред нив, а подоцна ги нападнало, меѓу кои и нејзиниот малолетен брат. Според неа, шарпланинецот бил „удрен од автомобил за да го одвои од неа и од кучето што умрело“, пренесе Телеграф. Таа додаде дека шарпланчанецот имал сопственик кој по настанот им се заканувал пред станот заедно со група пријатели. Според неа, „газењето било обид на мајката да ги одбрани децата и нивниот миленик“. View this post on Instagram A post shared by Pepo vesti (@pepo.vesti) Обвинителството во Улцињ соопшти дека на жената ѝ е одредена мерка притвор во траење од 72 часа. Таа е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште.Тагови: куче Улцињ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЏошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со прекин во второто коло во неговата камбек борба во Џеда, Саудиска Арабија. Победата дојде по голема драма. Џошуа преживеа два нокдауни во првата рунда. Но, Албанецот беше истрошен и Џошуа веќе во второто коло го приведе мечот кон крајот. Британците по победата побараа од публиката да му го даде албанското знаме. Кога го добил, го ставил на рамо, додека на другото рамо стоело знамето на Велика Британија. Погледнете како тоа изгледаше. The respect is always there 🤝#JoshuaPrenga 🤳 pic.twitter.com/6QiPhGacal — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) July 25, 2026 Следен противник на Џошуа е Тајсон Фјури За Џошуа следната борба е против сонародникот Тајсон Фјури. Долгоочекуваната борба меѓу двајцата Британци е закажана за ноември 2026 година, но се уште не е одреден датум. „Го потпишавме договорот, се е договорено“, изјави менаџерот Еди Херн по синоќешната борба. Борбата меѓу Џошуа и Фјури, двајцата од најпознатите британски боксери, наводно е закажана за ноември. Иако ниту еден од нив не е на врвот на својата кариера, комерцијалниот интерес е огромен. Натпреварот се очекува да биде проследен на Нетфликс. Британските навивачи се надеваат на борбата дома, но организаторите и радиодифузерите од Саудиска Арабија, наводно, ги претпочитаат САД поради американскиот пазар. Како една од опциите со години се споменува британскиот национален фудбалски стадион Вембли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook