Ѓоковиќ ги разлутил организаторите на Australian Open, не сака привилегии - Канал 5

Ѓоковиќ ги разлутил организаторите на Australian Open, не сака привилегии

Australian Open оваа година не се игра во традиционален термин во втората половина на јануари, туку започнува на 8 февруари, а квалификациите за првиот Грен слем во годината се играат далеку од Австралија.

Ѓоковиќ ги разлутил организаторите на Australian Open, не сака привилегии

Тенисерките ги играат во Дубаи, а тенисерите во Доха. Ова е решено поради австралиските правила за карантин при влегувањето во земјата, така што само оние кои ќе се квалификуваат и потенцијалните ,,среќни губитници” ќе патуваат во Мелбурн.

За 16 тенисери кои ги минуваат квалификациите, натпреварувањето на првиот Грен слем во сезоната ќе продолжи скоро еден месец подоцна, на друг континент.

Организаторите на Australian Open донесоа одлука што предизвика незадоволство кај тенисерите. Директорот на турнирот Крег Тили објави дека тројцата најдобри тенисери и трите најдобри тенисерки ќе бидат сместени во Аделаида, а не во Мелбурн, за време на двонеделен карантин пред почетокот на Australian Open.

Одлучено е затоа што капацитетите за сместување во Мелбурн се исполнети, така што одреден број луѓе треба да бидат сместени во друг град. Ова значи дека Новак Ѓоковиќ, Доминик Тием и Рафа Надал од тенисерите и Ешли Барти, Симона Халеп и Наоми Осака од тенисерите ќе заминат во Аделаида каде ќе играат ревијални натпревари на 29 и 30 јануари.

Ова сценарио го разбесни францускиот тенисер Жереми Чарди, кој верува дека најдобрите тенисери ќе имаат многу повеќе време да се подготват.

"Поединци, за разлика од повеќето, ќе можат да ја користат теретаната во хотелот и ќе можат да тренираат според програмите што не се сметаат за петчасовната квота. За разлика од нас, тие ќе можат да тренираат и да живеат скоро нормално. Ние немаме сите исти услови, тие имаат многу привилегии. Чудно е за спортот каде сите треба да ги имаат истите услови. Да бев четврти во светот, ќе ми беше жал. Знам дека не е точно тоа што го кажаа за Аделаида. "

Сепак, „Марка“, најчитаниот шпански весник, тврди дека Ѓоковиќ се побунил кога дознал дека ќе биде во привилегиран карантин во Аделаида. Тој не сака да биде таму во удобен меур со само уште пет врвни тенисери, додека сите други да се тискаат во Мелбурн. Споменатиот извор наведува дека најдобриот тенисер на светот контактирал со организаторите на Australian Open и им рекол дека не сака привилегиран статус.

Ѓоковиќ реагирал така затоа што тој е лидер на ПИПА, организација на тенисерите која се залага за поголема еднаквост меѓу нив, и прифаќајќи ги привилегиите, би го сторил спротивното од она што го заговара.

Марка пишува дека Ѓоковиќ, кој тренира во Марбела со тренерот Марјан Вајда, ќе одбие да замине во Аделаида за да биде со сите други тенисери во Мелбурн. Организаторите на првиот Грен слем во годината биле бесни кога тоа им го соопштил актуелниот освојувач на титулата и рекорден осумкратен победник на Australian Open.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер