Ѓоковиќ елиминиран во Монте Карло - Канал 5

Ѓоковиќ елиминиран во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во третиот круг од „Мастерс“ турнирот во Монте Карло.

Ѓоковиќ елиминиран во Монте Карло
Ѓоковиќ беше совладан од австрискиот тенисер Доминик Тим со 6:7, 6:2, 6:3 по два часа и 32 минути игра „Мастерс 1.000“ турнирот во Монте Карло се игра на земја, а наградниот фонд е над 4 милиони и 850 илјади евра.

Новак го доби првиот сет по тај-брејк, но во продолжението на мечот беше во подредена положба. Србинот изгуби сила во вториот и третиот сет, што Тим го искористи и се пласираше четвртфиналето во Монте Карло, каде што ќе игра против победникот од натпреварот Рафаел Надал - Карен Хачанов.
Тим го победи Ѓоковиќ по втор пат во својата кариера, откако беше подобар вонивниот претходен натпревар на „Ролан Гарос“, додека Србинот остана на пет победи.

Сепак се забележува напредок во играта на Новак Ѓоковиќ и неговата форма пополека се подобрува, по неговите лоши игри во Индијан Велс и Мајами, на кои 13-тиот светски тенисер се појави по операцијата на лактот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.

Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште.

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана.

-Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Шабан Салиу, поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, доби нова владина функција - Национален координатор за следење на стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Салиу ја добива оваа функција истовремено со Зоран Љутков кој беше назначен за Национален координатор за култура. И двајцата за време на реконструкцијата на владата беа разрешени како министри - едниот без ресор, а другиот за култура.

Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите поранешни директори на дирекцијата за заштита и спасување, институција со која раководел во периодот од 2012 до 2017 година и која, според обвинението, не извршила ниту една инспекција во дивата дискотека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер