Ѓоковиќ:Едвај чекам да дојдам во Токио и за Олимпијадата (ВИДЕО)

Откако победи на турнирот во Токио , српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се заблагодари на организаторите на одлично подготвениот натпревар.

Најдобриот светски тенисер ја освои својата 76-та титула во кариерата совладувајќи го Џон Милман во два сета на турнирот во Токио.

Пред говорот на Новак , зборуваше Австралиецот, кој имаше само убави зборови за српскиот тенисер.

"Благодарам Џон за љубезните зборови, убаво е да го кажам тоа. Ти секогаш играш со срце и имаш натпреварувачки дух. Честитки за твојот настап и заслужуваш да играш во финалето", рече Ѓоковиќ.

Пред тоа, Ѓоковиќ кажа два-три збора на јапонски јазик, а потоа му се заблагодари на тимот.

"Ние секогаш го правиме тоа, но со причина. Вие сте со мене во текот на целата сезона. Вие сте разделени од вашето семејство. Вие сте тука за да ме поддржите да бидам најдобар и овој успех е и ваш."

Следната година Токио е домаќин на Олимпијадата , каде Новак планира да настапи.

"Ова ми беше прв пат да играм во Токио. Беше неверојатно, не само на , туку и надвор од теренот. Огромна благодарност до спонзорите и на сите што го организираа турнирот. Направивте да се чувствувам како дома. Не можам да дочекам да се вратам тука следната година на Олимпијадата “, рече Новак, заблагодарувајќи им се и на навивачите.

Ѓоковиќ освои бронза во 2008 година, не успеа во 2012 и 2016 година и Токио може да биде неговата последна шанса за златен медал.


Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер