Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
1Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
2ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
1Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ТенисЃоковиќ: Би можел утре да ја завршам кариерата , немам веќе обврска да играм ,,Веќе немам обврска да играм.Би можел утре да ја завршам кариерата.Татко сум на две прекрасни деца, синот има пет години и е пред тргнување на училиште.Би сакал повеќе време да минувам со нив”,рече најдобриот тенисер за француската Канал Плус. Ѓоковиќ сега има 32 години и полека влегува во последните неколку години од неговата кариера, освен ако не направи изненадување како Федерер, па да остане на турнирите се до скоро 40 години. "Сепак, јас сум среќен што играм. Многу сум мотивиран. Подготвен сум за нови победи во овој одличен спорт", рече Ѓоковиќ, кој има позитивен однос и против Федерер (26:22) и против Надал (28:26). "Чувствувам дека имам психичка предност. Значи, пред да започне мечот, не за време на играта. Кога играте, вие сте сконцентрирани само на следниот момент, но пред натпреварот, да, чувствувам дека сум во водство", заврши Новак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречкиСо гордост објавуваме дека нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт Лука Заложник ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки.Светското првенство од 19 до 23 август ќе се одржи во Ахен, Германија – храмот на светскиот коњички спорт. Во конкуренција на најдобрите натпреварувачи од светот, тој ќе ја претставува нашата земја со гордост и спортски дух. Тагови: Лука Заложник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник. Ова не е обичен безбедносен инцидент. Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан? Која е позадината? Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа. Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби? Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии. Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори: Дали е во прашање провизија - мито од 300.000 евра за бизниси и тендери? Каде требало да завршат 300.000 евра? Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје? Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени? Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник? Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата. Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност. Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретарТагови: Саша Димитријевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Пејачка во секси бикини Мини-бикини што едвај покриваат сè. Британската пејачка Рита Ора покажа како ужива на луксузна јахта, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија следбениците и уште еднаш привлекоа големо внимание во јавноста. 35 годишната Рита сподели серија фотографии од своите летни патувања, а нејзините објави повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Пејачката дел од летото го помина на различни европски дестинации, при што особено се издвои нејзиниот одмор на Ибица, каде што уживаше во друштво на својот сопруг Таика Ваитити и пријателите. Двојката помина време на луксузна јахта, а Рита позираше во неколку впечатливи бикини-изданија. Особено внимание привлече фотографијата на која таа позира на бродот во минијатурно сребрено бикини. Фотографиите што таа ги објави ја прикажуваат пејачката како се разладува во морето, ужива на јахтата и поминува време со пријателите. Некои од фотографиите се направени со помош на паметните очила на „Мета“, кои таа ги користела за да ги овековечи моментите од својот одмор. View this post on Instagram A post shared by RITA ORA (@ritaora) Тагови: рита ора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook