Гинисов рекорд: Изваден најголемиот камен во бубрег во светот

Воени лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот при операција на пензиониран војник, соопшти Армијата.

Камењата во бубрезите се создаваат со таложење минерални соли во бубрегот, орган којшто треба ја прочистува крвта. На 62-годишниот поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег тежок 801 грам, а тоа е, според наводите, над пет пати поголема маса од онаа на просечен машки бубрег. Каменот бил долг 13,37 цм, а просечниот бубрег е долг од 10 до 12 цм.

„Најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот беше хируршки отстранет на 1 јуни во воената болница во Коломбо“, се вели во соопштението на војската.

Воениот пензионер за тамошните медиуми изјавил дека боледувал од стомачни болки од 2020 година. Рекордот сега е официјално признат и од Гинисовата книга на рекорди.

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

- Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на отсуството на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место.

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетск

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од  Газа, каде стигнаа на околу 200 метри од границата со Египет, изјавија палестински и египетски официјални лица кои побараа да останат анонимни, пренесуваат американските медиуми.

Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) одбија да ги коментираат наводите, а американските медиуми не можат независно да го одредат опсегот на операцијата.

Информациите доаѓаат еден ден откако Израел нареди евакуација на повеќе од 100.000 Палестинци од Источен Рафа во „безбедна зона“ во близина на градот Кан Јунис.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека изведуваат „целни напади“ против палестинската милитантна група Хамас во источниот дел на Рафа, а палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку пет лица.

Израелскиот воен кабинет вчера одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа со цел „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната изјава на Хамас дека палестинската група се согласила со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио.

Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови.

Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот.

Од полноќ стапи во сила молкот, денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

притисни ентер