СветГил: ЕУ досега не доставила никаква формална понуда до САД околу царините Целосно сме вклучени во разговори со САД од кои, сосема јасно, претпочитан исход е постигнување решение. ЕУ досега нема доставено никаква формална понуда до САД за ништо, а во моментов само се разговара за областите за кои веруваме дека потенцијално би можеле да дојдеме до договор, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил во одговор на новинарско прашање поврзано со медиумски извештаи дека Унијата како компромис за договор со Вашингтон за царините нуди да купува повеќе американски стоки. - Целосно сме вклучени во разговори со САД од кои, сосема јасно, претпочитан исход е постигнување решение. Нема да даваме коментари за преговорите што се водат, но апсолутно сме посветени на постигнување договори со САД што ќе биде во интерес на двете страни, рече Гил. Според него, ЕУ е подготвена за поголема трговска соработка со Вашингтон и оценува дека има добар потенцијал за зголемување на увозот од САД на некои производи, како енергенси и одредени земјоделски производи, на пример, соја. - Така што тука нема ништо ново. Потенцијалното зголемување на нашиот увоз од САД, до одреден степен би придонело за намалување на трговскиот и стоковиот суфицит што го имаме, истакна Гил. Тој додаде дека ЕУ смета оти царините не се добри за неа, за САД и за глобалната економија, па затоа презеде иницијатива не само за нивно намалување, туку, онаму каде што е можно, и за целосно укинување. - Има одлична понуда на маса. Ајде да разговараме за тоа, порача Гил, додавајќи дека ЕУ не нуди целосно укинување на царините со САД, туку само за некои стоки и дека секогаш ќе презема мерки за заштита на своите индустриски гранки погодени од геополитичките предизвици и поврзаните трговски влијанија. На прашање како ЕК има намера да влијае на зголемувањето на увозот од САД, кога понудата и побарувачката зависат од пазарните услови, главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо изјави дека Унијата располага со повеќе опции, како на пример мерката од нула отсто царини за индустриските стоки. - Се разгледуваат сите опции, сите сценарија, што ќе им бидат презентирани на нашите американски соговорници, истакна Пињо. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00