Гигант од Вол Стрит забранува влез за невакцинирани

Гигант од Волстрит, Морган Стенли ќе им забрани на вработените и клиентите да влегуваат во канцелариите во Њујорк, доколку не бидат целосно вакцинирани против ковид.

Невакцинираните вработени ќе треба да работат од дома, пишува Би-Би-Си.

Правилата стапуваат на сила следниот месец, а нивната цел е да дозволат укинување на другите правила воведени поради пандемијата.

Минатата недела, извршниот директор на банката ги повика работниците да се вратат во канцелариите. Во внатрешното писмо се вели: „Од 12 јули, сите вработени, клиенти и посетители ќе треба да потврдат дека се целосно вакцинирани доколку сакаат да влезат во зградите на Морган Стенли во Њујорк и Вестчестер“.

Морган Стенли веќе вовеле работни простори во некои оддели кои можат да ги користат само вработените кои биле вакцинирани.

На почетокот на овој месец, извршниот директор на Морган Стенли, Џејмс Горман, рече: „Ако можете да влезете во ресторан во Њујорк, можете да влезете во канцеларијата“.

Говорејќи на конференцијата, Горман рече дека ќе биде „многу разочаран“ доколку американските работници не се вратат во канцелариите до септември.

Џејми Димон, шеф на најголемата американска банка ЏП Морган, неодамна изјави дека сака вработените во САД да се вратат во канцелариите од јули.

Во меѓувреме, банкарите на „Голдман Сакс“ добиле упатства да ја известат компанијата дали биле вакцинирани пред да се вратат во своите канцеларии.

Во декември, Комисијата за еднакви можности за вработување на САД им даде на компаниите дозвола да забранат невакциниран персонал да доаѓа на работа, со исклучок од религиозни и медицински причини.

Извршниот директор на Баркли, Џес Стали, во февруари рече дека работењето од дома „не е одржливо“. На виртуелниот состанок на Светскиот економски форум, тој рече: „Растечкиот предизвик ќе биде одржување на културата и соработката што овие големи финансиски институции се трудат да ги имаат и треба да ги имаат“.

Инаку, истражувањето објавено од Би-Би-Си минатиот месец покажало дека 50-те најголеми британски работодавци не планираат да ги враќаат вработените во канцеларија со полно работно време.

Индонезија го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво

Индонезиската вулканолошка агенција денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво по серијата неодамнешни ерупции.

Во соопштението, агенцијата исто така ги предупреди околните жители да не се приближуваат до вулканот, кој се наоѓа на оддалечениот остров Халхама.

Вулканот Ибу еруптираше на 13 мај.

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ од државните институции.

Италијанската крајнодесничарска партија Лига денеска најави дека ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на Европската унија од зградите на државните институции.

Претседателот на Лигата, Матео Салвини, кој е дел од коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, има за цел да собере евроскептични гласови пред европските избори во јуни, јавија западни медиуми.

Сенаторот Клаудио Борги, кој е кандидат на претстојните избори за ЕУ, рече дека пред канцелариите треба да има италијанска тробојка заедно со знамињата на одделни региони.

Маричиќ средба со Маида Горчевиќ

Соработката на регионот и реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се состана со Министерката за европски прашања на Црна Гора Маида Горчевиќ на маргините на Лидерскиот самит за Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

На средбата се говореше за значењето на соработката на регионот и успешна имплементација на Планот за раст за Западен Балкан од Европската Комисија.

Планот за раст е конкретна стратегија за социоекономски развој на регионот, соработка и доближување на земјите од Западен Балкан.

Исполнувањето на обврските усогласени со Европската Унија ќе значи значителен развој, прогрес и просперитет на државата и регионот.

Маричиќ се заблагодари за успешната и плодна соработка за спроведување на регионалната соработка и одличните релации помеѓу нашите две држави.

Со цел успешно имплементирање на Планот за раст, потребно е државите упорно да продолжат да работат во соработка со Европската Комисија со цел постигнување на стратешката цел за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и земјите од регионот.

притисни ентер