РецептиГибаницаГибаницата е традиционално балканско печиво со крцкави кори и богат фил од сирење, јајца и павлака. Се подготвува релативно едноставно, а резултатот е миризлива и сочна пита која одлично се вклопува и за појадок и за лесен ручек. Состојки: 500 грама кори за гибаница 300 грама сирење 2 јајца 2 дл маслиново масло 2 дл минерална вода 200 грама кисела павлака морска сол (по вкус) Подготовка: Рерната загрејте ја на 200 °C. Во длабок сад изматете ги јајцата со минералната вода. Додајте го маслиновото масло, издробеното сирење и киселата павлака. Посолете по вкус и добро измешајте додека да добиете изедначен фил. Намачкајте тава со малку масло и на дното поставете една кора. Потоа земете две кори, благо згужвајте ги, натопете ги во подготвениот фил и распоредете ги врз првата кора. Ставете повторно една рамна кора и повторувајте ја постапката (две згужвани кори во фил, па една рамна) додека не се потрошат состојките. На крај покријте со една кора. Премачкајте ја со малку мешавина од минерална вода и масло. Печете во загреаната рерна 45–50 минути, додека гибаницата убаво порумени и нарасне. По потреба покријте со хартија за печење за да не изгори. Гибаницата послужете ја топла, со напиток по желба (јогурт, кисело млеко или чај).Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМеркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа. На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГори дива депонија во Шуто ОризариПожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Денеска повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје. „Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,се вели во соопшението од ЦУК. Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле АвстралијаУбавата манекенка Кендал Џенер и нејзиното момче Џејкоб Елорди дискретно ја напуштија Австралија, целосно маскирани Пред врската со Елорди, убавата Кендел била во врски со раперот Бед Бани и НБА кошаркарот Девин Букер. Моделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди биле забележани на аеродромот во Бризбејн за време на викендот, каде што се обиделе да останат незабележани по престојот во Австралија. Двојката не разменувала нежности во јавноста, но фотографите го забележале моментот кога Џенер накратко ја ставила раката на лактот на Елорди додека шетале низ аеродромот. Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“, 30 годишната Кендел, и 29-годишниот актер дополнително ги сокриле своите идентитети носејќи маски, шалови и очила. Елорди бил облечен во дуксер со качулка, додека Џенер носела бејзбол капа.Тагови: кендел џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook