„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
ЖивотГи оставила своите деца сами некое време, а кога се вратила затекнала загрижувачка сцена Една мајка, корисничка на Тикток, покажа што направиле нејзините непослушни деца поради нејзино невнимание, а тоа наиде на осуда на социјалните мрежи.Имено, жената изгледа шокирано откако влегува во својот дом, поточно во кујната, и затекнува вистински хаос и неред што го направиле нејзините деца. Како се приближува до кујната, гледа дека подот е измачкан со бела боја која била истурена за „игра“, и со која децата бојадисале речиси сè во куќата, па дури и самите себе. Нејзиното девојче го наоѓа во голема пластична кофа во која имало боја, додека синчето седи на подот и со рачињата минува по површината и префарбува сè што ќе допре. Паркетот, па дури и некои од елементите од кујната добиле сосема нова боја, а мајката кога ја затекнала оваа глетка била целосно шокирана и вознемирена. Децата, пак, продолжиле да си играат како да не ја гледаат. - Што направивте во оваа ситуација? Јас би плачела - - Не знам дали би го преживеала ова... - Се надевам дека децата се добро - коментирале корисниците на мрежата. @genarocortez07 ♬ sonido original - Genaro Децата на видеото продолжуваат да си играат како ништо да не се случува и како сето тоа да е природна работа. И додека некои го осудуваа ваквиот потег на мајката и невнимателноста кон децата, на други ова им беше забавно и смешно, а на снимката видоа само едно забавно семејство кое знае да приреди шоу. Некои од корисниците на Тикток изразија загриженост за здравјето на децата, велејќи дека бојата до која дошле е исклучително опасна и дека се надеваат оти децата се добро. Сепак се поставува прашањето дали навистина мајката била толку невнимателна и дали децата се навикнати да прават такви работи, или за мајката да направи шоу, на децата им „подметнала“ нешто хранливо, па сосема опуштено излегла од дома, за кога ќе се врати да сними смешна, но за многумина загрижувачка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter