Ги качија ли цените и потребите за лекови за смирување? - Канал 5

Ги качија ли цените и потребите за лекови за смирување?

„Диазепамот“ и понатаму се троши како алва. 

Ги качија ли цените и потребите за лекови за смирување?

Само утрово до 12 напладне се издадени над 4000 рецепти за диазепам, покажуваат податоците на „Мој термин“ кои се достапни преку веб-страницата на Министерството за здравство. Освен лековите за притисок и шеќер кои секојневно предничат по бројот на издадени рецепти, трет по ред со месеци наназад е токму диазепамот.

Ако се земе просек од најмалку 4000 издадени рецепти дневно, по група математика, излегува дека месечно се издаваат 100.000 рецепти, што на годишно ниво пак е 1.200.000 пакетчиња лекови. Ова во превод значи дека секој полнолетен граѓанин на Македонија набавува барем по една кутија антидепресиви.

Ваквата состојба не е од вчера, потребен е контролен механизам, ама поскапата живеачка секако влијае на менталното здравје, па се оди на варијанта „инстант решение“ која на долг рок не ги решава проблемите, вели психологот Мирјана Јовановска – Стојановска.

-Нормално е дека луѓето си бараат спас. Кога некој ќе почувствува дека нема да може да го заврши месецот, дека најмалку 50% цените се поскапиле, бензинот отишил нагоре, се останато чини повеќе пари. Па, следуваат прашањата како ќе ги одгледам децата, како ќе преживеам до крај на месецот, како од септември ќе платам греење, по што се јавува несоница. Грижите ќе се зголемат, а со нив и нивото на анкциозност. Нормално е дека ќе побараат помош од лекар. Здравството не го покрива психолошкото советување, поскапо е, а и подолготрајно. Лековите се нешто како инстант решение, а со тоа ништо не се решава,вели Мирјана Јовановска – Стојановска – Психолог.

Здравствените власти ветија дека ќе ја зголемат контролата на издавање на вакви лекови, но сепак, тоа не го менува фактот оти голем дел од граѓаните го земаат и на своја рака за смирување, односно со розев рецепт, а за тоа нема статистика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер