Ги хранел свињите со марихуана - месото оди „како алва“!

Месар во Сиетл на воодушевување на муштериите продавал месо од свињи кои ги хранел со марихуана. Вкусот е сосема поинаков - велат тие. Месарата за една недела била сосема испразнета!

Месарот вели дека сака да експериментира. Овој пат експериментот бил успешен! Ги хранел свињите со остатоци од билката марихуана со кои го снабдувал производител на медицинска марихуана. Месото било потрошено за една недела, а муштериите презадоволни.

- И јас пробав и не се чувствувам ништо поразлично - вели месарот.

Следното нешто што ќе го направиме е - да ги нахраниме со кисели краставички, па ќе видиме што ќе биде - вели веселиот месар, задоволен од реакцијата на купувачите на неговото „марихуана свинско месо“!



притисни ентер