Героски го повика Бајрами да се повлече од Антикорупциска поради баџанакот Џафери

Новинарот Бранко Геровски уште еднаш го повика Нури Бајрами членот на антикорупциската комсија и баџанакл на спикерот Џафери  да се повлече од функцијата . Според него тоа  е сериозен фелер во неговата кандидатура.

Бајрами деновиве преку писмо му се обрати на Геровски

,,Талат Џафери 16 години е во политиката и тоа секогаш на важни функции. Поради судирот на интереси и чистата совест, иако сме баџанаци, ние сме држеле коректни односи и тоа далечни. Ако не пошироко, во Гостивар сите тоа го знаат. Ниту побарал, ниту јас се обидував да бидам на некоја функција.,,

Се правда Бајрами во писмото каде објаснува дека постапката за неговиот избор е теранспарентна и дека беше јавно емитувана тој исто така напоменува дека не го прекршува законот со тоа што во последните десет години не бил пратеник во Собранието, член на Владата, не бил донатор на политичка партија или не вршел функција во органи на политичка партија“, пишува тој

Според Геровски ако Бајрами си даде оставка ќе ја растерети комисијата од низок страт. Инаку од комисијата за селекција на кандидатите тврдеа дека не знаеле за фактот дека Бајраму му е баџанак на Џафери .

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари

Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема за Украина во вредност од 100 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот и одобрил на Украина потенцијалната продажба на опрема за копнено надгледување од НАТО, како и за поддршка и друга опрема за таа програма во висина од 250,2 милиони американски долари.

Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија „Нортроп Граман“ (Nortrop Graman).

Едвардс: Тренерот ми рече да бидам агресивен, иако ме удвојуваа

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс веќе се гледаа во финалето на Западната конференција од НБА плеј-офот кога двапати го совладаа Денвер како гости. 

А потоа, седум дена подоцна, беа отпишани кога загубија три натпревари по ред од актуелниот шампион. Сега убедливо ги совладаа Никола Јокиќ и другарите и изборија „мајсторка“.

Минесота победи со 115:70 и стигнаа до седми меч од серијата, а најзаслужни за овој успех беа младите кошаркари Ентони Едвардс и Џејден МекДаниелс.

-Џејден беше наш водач денес. Претходно кажав дека сите во нашиот тим се лидери, а Џејден беше лидер вечерва. Тој исчекори во преден план. Тренерот Финч беше одличен и ми рече утрото пред натпреварот да најдам начин да бидам агресивен иако ме удвојуваа. Тоа го правеше и Феникс, па секако бев агресивен. Само размислував за тоа, изјави Ентони Едвардс по натпреварот.

Навивачите на Минесота беа загрижени за една ситуација во која Едвардс имаше болен пад, но на прашањето дали ќе игра во натпреварот број 7, поранешниот број 1 на НБА драфтот не остави простор за сомнеж.

- Дефинитивно ќе бидам подготвен за недела, изјави тој.

Седмиот, решавачки натпревар од серијата, е закажан за в недела на 19 мај во 22 часот по наше време.

притисни ентер