Германските машиновозачи од четврток повторно во штрајк - Канал 5

Германските машиновозачи од четврток повторно во штрајк

По неуспешните преговори со Германските железници (Дојче Бан, ДБ), синдикатот на машиновозачите ГДЛ денеска најави нов штрајк кој треба да започне во четврток и да заврши во петок.

Германските машиновозачи од четврток повторно во штрајк

-Штрајкот на машиновозачите во патничкиот сообраќај ќе започне во четврток во 2 часот по полноќ и треба да трае 35 часа, изјави директорот на синдикатот на машиновозачите ГДЛ Клаус Веселски.

Потоа треба да следуваат низа штрајкови кои ГДЛ повеќе нема да ги најавува однапред.

-Ова ќе ја направи железницата повеќе да не е сигурно превозно средство, рече Веселски.

Тој го обвини раководството на ДБ за прекин на преговорите за платите и работното време, кои, како што рече, „не мрднале ни милиметар“.

Спорно прашање останува барањето на ГДЛ за намалување на работното време од 38 на 35 часа месечно, со иста плата. ДБ предложи флексибилен модел, но со откажување на дел од платата. По неколку недели, преговорите прекинаа во текот на викендот.

ГДЛ и ДБ преговараат од ноември, а во овој период машиновозачите штрајкуваа четири пати.

Министерот за транспорт, Волкер Висинг апелираше до ГДЛ да се откаже од своите „максимални барања“ и да се врати на преговарачката маса.

Здружението на патници Про Бан ги обвини двете страни дека ја отежнуваат ситуацијата за патниците во железницата и ги загрозуваат напорите да се убедат граѓаните да користат јавен превоз.

-Она што се случува помеѓу ГДЛ и ДБ е невозможно да им се објасни на патниците, рече Про Бан. Ова здружение апелираше до државата, која е сопственик на ДБ, да интервенира во корист на патниците. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Копија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. 

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување.

Што го прави овој примерок посебен?

Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата.

Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри.

„Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа.

Во оваа категорија копијата постави рекорд.

Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари.

„Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“.

„Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Во петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. брашно

1 коцка квасец

1 лажичка сол

млака вода по потреба

масло за пржење

Прилог:

сирење

мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура.

Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.

Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер