Германските форензичари се уште се чекаат,обвинителството седми ден истражува - Канал 5

Германските форензичари се уште се чекаат,обвинителството седми ден истражува

Додека се чекаат првите наоди на истражните органи за пожарот во тетовска модуларна ковид болница во кој загинаа 14 лица, се прават контроли на сите модуларни болници во земјава.

Германските форензичари се уште се чекаат,обвинителството седми ден истражува

Премиерот Зоран Заев порача дека од трагедијата во Тетово се извлечени поуки а чекорите се преземени за да се утврдат слабостите на системот.

Од истрагата на обвинителството засега не се откриваат детали. Како што информираат оттаму се чекаат вештачењата од документацијата од велешката фирма за градбата на тетовската модуларна болница заедно со планот за елетрична инсталација и системот за снабдување со кислород. На македонските истражни тимови се очекува да се приклучат и германските форнзичари, чие доаѓање како што вели министерот за правда Маричиќ, е поради слабото искуство на земјава во истрагата на вакви сериозни пожари.

Од германската федерална криминалистичка служба треба да пристигнат двајца форензичари за пожари и двајца крим – техничари за ласерско мерење на простории. Дел од истрагата на обвинителите се и снимките од безбедносни камери од околните објекти кои протекоа во јавност а на кои се гледа како за неколку минути целиот објект изгоре додека пациенти панично излегуваа преку прозорци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Министерството за правда со жалење констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги изнесе своите ставови и предлози.

Работната група функционира транспарентно, со учество на претставници на парламентарните политички партии и независни пратеници. Секој предлог и од институциите и граѓанскиот сектор е разгледуван и дискутиран, а процесот се води исклучиво во насока на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Оттука, обидите за создавање перцепција дека процесот е нетранспарентен претставуваат политички спин кој не соодветствува со фактите. Факт е дека Цветановски беше дел од дискусиите, ги слушна сите аргументи и имаше еднаква можност како и останатите учесници да придонесе во процесот.

Министерството за правда останува посветено на инклузивен, отворен и демократски процес и ги повикува сите учесници наместо политички квалификации да придонесуваат со конструктивни предлози во интерес на граѓаните и на изборниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, обвинителството преку докази укажува дека голем број објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

– Доказите се за 2016 година и се планови за надзор на објекти ризични за пожар, на подрачјето на целата држава. Во нив се утврдени критериуми за проценка за ризик од пожар и други безбедносни ризици. За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор, не е назначен ниту инспектор како би извршил редовен или вонреден надзор, посочи обвинителството.

Во 2015 година, според обвинителството, имало само еден надзор во Кочани во продажен објект, а ризичните не биле поминати.

Ваквите наоди ги негираше поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу кој тврдеше дека на презентираните документи не е неговиот потпис.

Судскиот процес во кој обвинети се 35 лица, се уште е во фаза на изнесување на материјални докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, во која загина младата Фросина.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на Кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. – велат од Кривичен и додаваат дека во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер