Германските аеродроми најавуваат можни откажувања на голем број летови и поскапи карти - Канал 5

Германските аеродроми најавуваат можни откажувања на голем број летови и поскапи карти

Германското здружение на аеродроми (ADV) предупреди дека во иднина може да има голем број откажувања на летови, што ќе влијае на милиони патници, и дека цените на авионските билети може да се зголемат поради недостиг на гориво за авиони.

Германските аеродроми најавуваат можни откажувања на голем број летови и поскапи карти

„Се плашиме дека ќе бидат откажани и други летови, особено од нискобуџетните превозници и до дестинации помалку важни за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за германскиот весник Welt во неделата.

Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници би останал непроменет. „Во најлош случај, некои аеродроми се соочуваат со пад на капацитетот од 10 проценти. Ако се соберат сите аеродроми, тоа би влијаело на 20 милиони патници“, рече Бајзел.

Ова би значело дека некои дестинации повеќе нема да бидат опслужувани, додека други би имале помалку летови, што би чинело повеќе.

Војната во Иран ги зголемува цените на керозинот

Војната во Иран ги нарушува испораките на нафта преку Ормутскиот теснец, зголемувајќи ја цената на горивото за авиони и поттикнувајќи некои авиокомпании да откажуваат летови.

„Цените на керозинот се двојно повисоки од пред војната повеќе од два месеци. Не очекуваме ситуацијата да се врати во нормала во наредните месеци“, рече Бајзел.

„Дури и да беше достапен керозин, авиокомпаниите не би можеле профитабилно да реализираат многу летови по тие цени.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ.

Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“.

Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, каде што ансамблот беше пречекан со исклучителна гостопримливост и одушевување од публиката. Сега имаме чест да им возвратиме со гостопримство и да ги пречекаме нашите драги пријатели на сцената на МНТ.

„Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата.

Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата.

Претставата е копродукција на Казалиште „Марин Држиќ“ и Дубровничките летни игри, а драматизацијата ја потпишува Маријана Фумиќ.

Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ, Сандра Лончариќ, Миреј Станиќ, Ања Ѓуриновиќ, како и Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака.

По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција.

Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност.

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.

Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите имаат доволно време да ја искористат оваа можност.

Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција, туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергенс и подобрување на квалитетот на животната средина.

Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање.

За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Повеќе информации има на сајтот на министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Министерството ги повикува сите граѓани кои планираат приклучување на природен гас или набавка на котел на гас да не ја пропуштат можноста за државна поддршка и навремено да ја поднесат потребната документација.

Поддршката на граѓаните останува еден од приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку конкретни мерки и субвенции, Министерството продолжува да спроведува политики што носат директни придобивки за домаќинствата, ги намалуваат трошоците за енергија и го забрзуваат преминот кон поефикасни и поодржливи решенија за греење.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

 Седумдесет и шестгодишен скопјанец кој не патувал во странство се бори за живот на респиратор откако го каснал домашен комарец заразен со западнонилска треска, информираше директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.

Скопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Осум регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија сами по себе не претставуваат причина за паника.но, тие се причина за внимание вели епидемиолот Драган Даниловски тој предупредува дека овие осум случаи не треба да се сфатат како вкупниот број заразени.

„Ова е видливиот врв на една епидемиолошка санта мраз“, изјави Даниловски, укажувајќи дека зад секој потврден тежок случај може да стојат десетици, па и стотици лица кои биле заразени без да знаат, бидејќи кај нив инфекцијата поминала без симптоми или со лесна клиничка слика. Ова предупредување се темели на добро познати епидемиолошки карактеристики на вирусот Западен Нил.

Според медицинските податоци, околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, додека кај приближно 20 проценти се развива полесна форма со температура, главоболка, болки во мускулите и малаксаност. помалку од еден процент развиваат тешка невроинвазивна форма, со менингитис или енцефалит, која најчесто бара болничко лекување. Регистрираните пациенти не ја претставуваат целосната слика за циркулацијата на вирусот, напротив, тие најчесто се првиот сигнал дека вирусот веќе извесно време е присутен во средината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер