ЕвропаГермански политичар од АфД во Русија се сретна со првиот човек на Гаспром- бара руски гас Висок функционер на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), Маркус Фронмаер, се сретна со еден од главните советници на рускиот претседател Владимир Путин и шефот на Газпром, Алексеј Милер.Висок функционер на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), Маркус Фронмаер, се сретна со еден од главните советници на рускиот претседател Владимир Путин и шефот на Гаспром, Алексеј Милер, и повика на рестартирање на гасоводот „Северен тек“. Фронмаер, парламентарниот портпарол на AфД за надворешна политика, присуствува на големиот економски форум на Путин во Санкт Петербург, и покрај предупредувањето од германското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека „експлицитно ѝ советувало на AfD да не ги прави овие патувања“. Тој се сретнал со луѓе под санкции Фронмаер објави на X дека се сретнал со Милер и Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на Путин за инвестиции и економска соработка. Дмитриев, Милер и Газпром се под западни санкции воведени поради војната на Русија во Украина. Фронмаер, кој долго време повикува Германија да ја обнови соработката со Русија за да продолжи со снабдувањето со енергија, рече дека разговарал со Милер за гасоводот и целосното враќање на снабдувањето со руски гас за Германија. „Германија е заглавена во сериозна економска спирала на опаѓање, а една од клучните причини за ова се високите трошоци за енергија“, рече Фронмаер. „Затоа сите опции мора да се вратат на маса, вклучително и рестартирање на Северниот тек и обновување на трговските односи со Русија“. Газпром ја потврди средбата со Фронмаер. „Се радувам на градењето одлична ИДНИНА заедно со AfD, најпопуларната германска партија“, напиша Дмитриев на X. Германија се бори да се опорави од прекинот на рускиот гас Со децении, германскиот економски модел во голема мера се потпираше на пристап до евтина руска енергија. Пред руската инвазија на Украина, Русија ја снабдуваше Германија со повеќе од една третина од увезената сурова нафта и повеќе од половина од својот природен гас. Германија се бори да се опорави од шокот предизвикан од прекинот на подводниот гасовод Северниот тек, кој беше оштетен од експлозиите во септември 2022 година. Берлин оттогаш мораше итно да бара алтернативни извори на снабдување. Двата крака на гасоводот Северниот тек 1 беа оштетени во експлозиите. Северен тек 2, завршен во 2021 година, има една неповредена гранка, но Германија го запре проектот и гасоводот никогаш не почна да работи. Русија ја обвини Украина за нападот, обвинение што Киев постојано го негира. АфД добива предност на анкетите Според анкетите, АфД, моментално најголемата опозициска партија во Бундестагот, гради предност пред конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц, кои владеат во коалиција со централнолевичарските социјалдемократи. Пред двата клучни покраински избори во источна Германија во септември, АфД се надева дека ќе ја освои власта во Саксонија-Анхалт за прв пат. Анкетите покажуваат дека би можела да освои најмногу гласови и во Мекленбург-Западна Померанија. Партијата, која исто така оствари силен напредок во западна Германија во последните години, ја критикува силната поддршка на Мерц за Украина и вели дека ќе се обиде да ги обнови односите со Москва. „Во време кога многумина се чувствуваат поудобно во конфронтацијата отколку во разговорот, вистинскиот дијалог е поважен од кога било“, напиша Фронмаер на X по средбата со Дмитриев.Тагови: АфД Гаспром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо Скопје променливо облачно повремени локални врнежи од дождДенес ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ХороскопДневен хороскоп за 23. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 23. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може сѐ да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. самците за сега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите работи се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter