Германски институт: Компаниите веќе чувствуваат последици од американските царини - Канал 5

Германски институт: Компаниите веќе чувствуваат последици од американските царини

Зголемените царини на увозот во САД веќе имаат негативно влијание врз економиите на САД и Германија, соопшти германскиот економски институт  Ифо (ifo).

Германски институт: Компаниите веќе чувствуваат последици од американските царини

Според извештајот објавен денеска, речиси 30 отсто од германските компании што планирале инвестиции во САД ги одложиле, додека 15 проценти целосно ги откажале.

И домашните инвестиции во Германија се погодени – 21 отсто од фирмите ги одложиле планираните вложувања, а 8 проценти ги откажале.

„Секоја трета индустриска компанија очекува пренасочување на трговските релации од САД, а само 17 отсто очекуваат зголемување“, наведува ifo.

Повеќе од 60 отсто од анкетираните компании пријавиле негативни последици од американските царини воведени во јануари.

Институтот ifo секој месец анкетира илјадници компании за да изготви економски прогнози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Светската музичка ѕвезда Крис Браун ќе биде посиромашен за дури 13 милиони долари поради совјот домашен миленик какваскиот овчар .

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати на својата поранешна домашна помошничка речиси 13 милиони долари отштета откако поротата го прогласи за одговорен за нападот на неговото куче во кој жена добила сериозни трајни повреди на неговиот имот во 2020 година, објави BBC News.

По двонеделно судење во Лос Анџелес, поротата пресуди во корист на Марија Авила, која беше нападната од кавкаскиот овчар на Браун, тежок 90 килограми.

Според пресудата, Браун и неговата компанија Black Pyramid LLC мора да ѝ платат 12,9 милиони долари за небрежност. на судскиот процес Авила сведочеше дека кучето, по име Хад, ѝ откинало „големи парчиња кожа“ додека таа го празнела ѓубрето во неговиот дом во калифорнискиот град Тарзана. Нападот, рече таа, резултирал со трајно обезличување на лицето, лузни, губење на видот и оштетување на нервите.

За време на судењето, беше слушнато сведочење дека Браун избегал од местото на настанот наместо да се јави на 911 или да ѝ помогне на повредената жена. Тој ги оставил своите вработени да се грижат за Авила, а на поротата ѝ било кажано дека тоа го сторил бидејќи се плаши од „медиумски циркус“ ако неговиот глас се слушне на повикот за итни случаи или ако бил присутен кога пристигнала полицијата.

Браун му рече на судот дека се подготвувал да се истушира ​​кога слушнал куче како ржи. Се симнал долу и ја нашол Авила како лежи неподвижна, покриена со „многу крв“. „Крвта ме исплаши“, рече тој, додавајќи дека бил „во шок“ и го послушал советот на својот менаџер да го напушти имотот пред да пристигнат службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меси претресен на аеродром во САД

Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот од Аргентина, Лионел Меси доживеа необично искуство на аеродром во САД, каде што беше темелно претресен пред летот за Мајами.

Фото: Меси претресен на аеродром во САД

Аргентина во петок навечер во Мајами го игра шесаесеттина финалниот дуел против Зеленортските Острови на Мундијалот, што значеше дека „Гаучосите“ мораа да патуваат до Флорида од нивната база во Канзас Сити, Мисури.

Поради строгите мерки на аеродромите, дури и Лионел Меси се увери како изгледаат безбедносните процедури во САД.

Обезбедувањето на аеродромот темелно го претресе куферот на Лионел Меси, а користеа и детектор за метал за да проверат дали можеби подготвил нешто за шверцување во авионот. Погледнете како изгледаше тоа:

Меси само се насмеа на ова и постапи според упатствата на обезбедувањето; не сакаше да прави драма, но сепак е малку неверојатно што на летот кон Мајами – каде што со години игра фудбал и им носи радост на навивачите – мораат од глава до пети да го претресуваат најдобриот стрелец на светските првенства во историјата.

Токму затоа Соединетите Американски Држави важат за добар организатор, но не и за идеален домаќин на Светското првенство, бидејќи многу од мерките што ги презедоа досега делуваа непотребно. Инаку, доколку Аргентина продолжи понатаму, ќе игра против подобриот тим од дуелот меѓу Австралија и Египет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски направи 2,5 милијарда евра нов долг, Кочовска да каже колкави се скриените долгови?

Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку?

СДСМ: Мицкоски направи 2,5 милијарда евра нов долг, Кочовска да каже колкави се скриените долгови?

Нема како да им објасни на дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво.

Ова е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата.

Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку јавните претпријатија.

На шверцерски начин се задолжуваат преку јавните претпријатија, a во јавноста пласираат лажна слика за јавниот долг.

Еве вистински пример за тоа:

Кочоска потпиша државна гаранција за кредит од 140 милиони евра за Бехтел и Енка за Коридорите, но долгот формално го префрли на Јавното претпријатие за државни патишта.

Значи само на едно претпријатие 140 милиони евра скриен долг.

Вистината за „успешната“ буџетска политика на ВМРО е поразена.

За само две години владеење, оваа неспособна власт создаде нов, фрапантен долг од 2,5 милијарди евра.

Пари во буџетот нема за ништо, ниту за поголема минимална плата ниту за пензии.

Уште на средина на година оваа криминална Влада целосно го истроши дефицитот и ќе го зголеми за нови 100 милиони евра.

Вака не изгледа трета економија - вака изгледа држава која Владата ја краде и задолжува.

Ова не е економски развој, туку организирано економско уништување од страна на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер