Германски инфлуенсер со Ламборџини во дива трка удри Шкода и го уби возачот (ВИДЕО)

Возач на Шкода загина во страотна сообраќајна несреќа.Полицијата веднаш пристигнала на местото на несреќата и го однела познатиот германски инфлуенсер во болница , а потоа го уапсила.

Несреќата се случила на германскиот автобан (А66) недалеку од Хофхајм, на што му претходела илегална трка. Зад воланот на зелениот Lamborghini Aventador S се наоѓал германскиот инфлуенсер Навид Алфа, а како што пренесува германски Билд, токму тој изгубил контрола над возилото, удрил во оградата, а потоа удрил во Шкода и Опел.

Ламборџини и Шкода веднаш се запалиле, а само возачот на италијанскиот тркач успеал да избега од пожарот. Возачот на Шкодата починал на местото на несреќата како резултат на пожарот.

Веста е придружена со видео-снимка непосредно пред несреќата, на која се гледа како инфлуенсерот вози Ламборџини, проследено со друго Ламборџини и Порше 911 ГТ3. Видеото јасно ги прикажува како се тркаат и дивеат по патот.

Олеснителна околност нема да бидат снимките ниту од профилот на Инстаграм. Имено, меѓу бројните соопштенија има и една во која со 200 км на час го држи воланот со едната рака, а со другата снима со мобилен телефон.

Последните информации велат дека бил уапсен и 26-годишниот возач на Порше, додека сеуште се трага по возачот на белото Ламборџини.

Онлајн состанок со германски стопанственици заинтересирани за инвестиции

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. 

Инвестиции во областите на дигитализација, енергетска ефикасност, третман на отпадни води, градење на општинска инфраструктурата, како и зајакнување на здравствените системи, кои ќе креираат понатамошен економски раст, беа тема на дискусија на онлајн состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори кои покажаа интерес за инвестиции во земјава, на кој воведни обраќања имаа премиерот Зоран Заев, вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи, германската амбасадорка Анка Холштајн и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. Сојузна Република Германија е најважен трговски партнер на Македонија од осамостојувањето до денес. Премиерот нагласи дека повеќето од германските инвеститори работат со голем успех во нашата земја и Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер, со вкупна трговска размена во периодот јануари-септември 2020 година од 2,4 милијарди евра.

Вицепремиерот Битиќи дополни дека Владата е посветена на креирање на предвидлива бизнис клима за инвеститорите во земјава. За таа цел е отпочнат процес на долгорочен стратешки Национален развоен план и Централна единица за следење на ефективноста и ефикасноста на економските политики, борба со сивата економија и елиминација на корупцијата на сите нивоа.

На состанокот со германските стопанствениците дискутираа и министерот за здравство, Венко Филипче, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врска Благоја Бочварски, како и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање околу спецификите и можностите за инвестирање во соодветните области.

Во таа насока и на годишниот самит на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, а ко-претседаваше Бугарија, Македонија се приклучи на потпишување на две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст. Првиот е имплементација на заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, додека втората е за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, подготвена од Европската комисија. И двата процеси ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалните економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Македонија.

Заедно со Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, што издвојува до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, тие регионални иницијативи создаваат солидна основа за идните перспективи на регионот. /МИА

Османи на видео- брифинг со амбасадорите на земјите учеснички во ОБСЕ

 Кандидатурата за претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше брифинг со амбасадорите на земјите учеснички во ОБСЕ, акредитирани во земјата. Повод за состанокот беше поднесената кандидатура на Република Македонија за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

,,Имаме визија преку нашето претседателство да создадеме можност за етаблирање на Република Македонија како активен чинител во сферата на регионалната и пошироката безбедност и процесите на мирољубива соработка во Европа, што секако е наша заложба и во контекст на актуелното членство во НАТО и идното во ЕУ. Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Македонија, како конструктивен актер и контрибутор во промоцијата и заложбите на ОБСЕ, концептот на сеопфатната безбедност преку трите димензии во кои организацијата делува", потенцираше Османи.

Османи информираше дека Македонија во последните неколку години постигна голем напредок во насока на целосно почитување на заедничките вредности врз кои почива ОБСЕ како што се човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и во развојот на моделот на мултиетнички односи што е констатирано во сите релевантни меѓународни извештаи.

Министерот Османи информираше дека е доставено официјално писмо за кандидатурата на РМ за претседавање со ОБСЕ во 2023 година до премиерот и министер за европски и надворешни работи на Албанија, и претседавач со ОБСЕ Еди Рама, со цел донесување на формална одлука за претседавањето на претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Тирана, што ќе се одржи на 3-4 декември и на која очекуваме истата да биде потврдена.

Министерство за надворешни работи

Две негователки позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, во изолација 22 деца и четворица вработени

Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години.

Две негователки се позитивни на коронавирус во Кавадарци, вработени во различни објекти од градинка, во изолација се 22 деца и четворица вработени, заболен е и еден здравствен работник, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години.

притисни ентер