Германски фудбалери во хумана акција – полнат полици во маркети (ВИДЕО)

Во време кога светот на спортот е погоден од пандемијата на коронавирусот, многумина спортисти ги поминуваат своите денови во своите домови и приватните спортски сали, каде што остануваат во форма за да ја продолжат сезоната.

Некои од нив прават и хуманитарни работи.

Во петокот, шестмина германски фудбалери на Бундес-лигата, од клубот Волфсбург, помагаа во двата градски супермаркети пополнувајќи полици со стока.

Во кампањата „Благодарам на хероите од секојдневниот живот“, играчите помогнаа да ги складираат стоките на полиците на продавниците уште од 7 часот наутро.

„Со учество во вакви акции, сакаме да им покажеме на сите дека сме дел од општеството“, рече Максимилијан Арнолд, додека неговиот соиграч и капитен Јосуха Гуилавагуи додаде: „Ова е многу важна акција за нас затоа што сакаме да бидеме пример за другите. Ние сме во тежок период и е важно сега да се држиме заедно “.

Во оваа акција учествуваа и Ксавер Шлагер, Ренато Штефен, Пол Перван и Јаник Герхард.

притисни ентер