Германски епидемиолози: Ова е крај на коронавирусот, од сега ќе имаме само мали бранови - Канал 5

Германски епидемиолози: Ова е крај на коронавирусот, од сега ќе имаме само мали бранови

Најпознатиот германски виролог е оптимист: ако нема мутациски скок, во иднина ќе има само мали бранови на Ковид-19, вели Кристијан Дростен. Слично размислува и друг познат германски епидемиолог.

Германски епидемиолози: Ова е крај на коронавирусот, од сега ќе имаме само мали бранови

Кристијан Дростен верува дека пандемијата на корона во Германија е завршена. „Оваа зима го доживуваме првиот ендемски бран на вирусот САРС-КоВ-2. Според мене, пандемијата е завршена“, изјави Дростен за берлинскиот весник „Тагесшпигел“, а пренесува Дојче веле.

„По оваа зима отпорот и имунитетот на населението ќе бидат толку големи што вирусот тешко ќе може да преживее и да се појави во текот на летото.“ Шефот за вирологија во Берлинската болница Charité ја наведе појавата на нови варијанти на вируси како единствено ограничување и додаде: „Но во моментов не го очекувам ниту тоа“.

Дростен ги бранел мерките за задржување на вирусот, велејќи дека никогаш не се работи за запирање на пандемијата. Од самиот почеток беше јасно дека тоа не е можно. „Но, да не беше преземено ништо, ќе имаше милион или повеќе смртни случаи во Германија во бројните бранови на епидемијата сè до делтата. Затоа моравме да преземеме мерки за намалување на контактите“, рече овој епидемиолог.

Кристијан Карагианидис, претседател на Германското друштво за медицина за интензивна нега, исто така изјави за Redaktionsnetzwerk Deutschland (Уредничка мрежа на Германија) дека е малку веројатно дека опасна варијанта на корона вирусот може повторно да се прошири во земјата. Одбраната од патогени очигледно функционира многу добро.

„Гледаме дека бројот на сериозни болести предизвикани од корона вирусот сѐ повеќе се намалува. Мислам дека нема повторно да доживееме назадување. Сè уште ќе има „еден или два мали бранови“ во иднина, но „забележливо е дека имунолошката состојба на населението е солидна и имаме значително помалку пациенти со Ковид на одделенијата за интензивна нега“, додаде Карагианидис, кој исто така е член на Експертскиот совет на германската влада за борба против корона.

Во својот неделен извештај пред Божиќ, Институтот Роберт Кох истакна дека други патогени, како што се грипот, односно вирусите на грип и респираторниот синцицијален вирус (РСВ), кој предизвикува респираторни инфекции, сега доминираат кај заразните болести.

Сепак, се уште се применуваат бројни мерки за заштита од корона, кои се пропишани со закон во Германија. Додека државните власти можат сами да одлучат дали маските се задолжителни во регионалниот транспорт, како што се регионалните возови и автобуси, маските FFP2 се задолжителни до почетокот на април 2023 година за меѓуградските возови и автобусите кои сообраќаат низ Германија, како и во лекарските ординации, клиниките и старечките домови .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда.

Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец

„Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението.

Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби.

Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер