Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
СветГермански аналитичар: Европа нема стратегија за справување со Илон МаскВелика Британија и Германија имаат нешто заедничко - и двете се под континуирани напади од Илон Маск.Велика Британија и Германија имаат нешто заедничко - и двете се под континуирани напади од Илон Маск, кој ја претвори целата своја платформа на социјалните мрежи во политичка машина за кампања против политиките на нивните влади, нагласува германскиот аналитичар Волфганг Мунхау во напис за Eurointelligence. Тој додaва дека и Олаф Шолц и Кир Стармер се во дилеми како да се справат со тоа, бидејќи и двајцата мора да соработуваат со Доналд Трамп. Во напис на порталот, сепак, Мунхау наведува дека многумина веруваат дека врската меѓу Трамп и Маск нема да трае предолго и дека не е тешко да се замисли сценарио во кое тие двајца би се судриле во голема пресметка. -Паметните инвеститори отсекогаш знаеле дека осигурувањето од екстремни ризици е подобра стратегија отколку обложување на конкретни исходи, истакнува авторот и додава дека од, да речеме, центристичка европска перспектива, екстремниот ризик е дека сојузот Трамп-Маск ќе опстане и дека Маск ќе продолжи да ја користи својата платформа „Х“ за застапување на десничарските политики во догледна иднина. По изборите во 2016 година, Трамп исто така се обиде да влијае на јавното мислење во Европа, но многу помалку ефективно, преку ликови како Стив Банон или Ричард Гренел, поранешниот американски амбасадор во Германија. Имаше одреден комичен призвук. Тие двајца не беа ни приближно ефективни како Маск денес, се додава во текстот. Мунхау оценува дека Европејците немаат одговор на тоа. -Постојано слушаме од Тиери Бретон, поранешен европски комесар за индустрија, како ЕУ треба да го користи Законот за дигитални услуги за да го повика Маск на одговорност. Но, ЕУ нема да го стори тоа. Академици, новинари и медиумски организации, од кои многумина ја поддржуваат левицата на центарот, згрозено ја напуштија платформата „Х“ и се засолниле на други платформи каде најчесто разговараат меѓу себе. „ТикТок е исто така главно десничарска платформа, не поради нејзиниот кинески сопственик, туку затоа што десницата покажа поголема вештина во користењето“, истакнува авторот. Влијанието на традиционалните медиуми опаѓа насекаде, вклучително и во Европа, иако во различен степен. Младите се помалку наклонети кон читање весници, а пазарот за платена содржина е многу поразновиден од порано. ЕУ немаше стратегија како да одговори на победата на Трамп на изборите. Тој сигурно нема ни стратегија како да се справи со Маск, заклучува Мунхау во напис за берлинскиот портал Eurointelligence./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44