Германски активисти уништија Сајбертрек во продажен салон на Тесла (ВИДЕО) - Канал 5

Германски активисти уништија Сајбертрек во продажен салон на Тесла (ВИДЕО)

Климатски активисти денеска го нападнаа продажниот центар Тесла во Хамбург, Германија.

Германски активисти уништија Сајбертрек во продажен салон на Тесла (ВИДЕО)

Тие истуриле боја на еден од најновите автомобили на марката.

Меѓутоа, на многумина не им е јасно зошто климатските активисти, односно луѓето кои се занимаваат со заштита на животната средина, го „нападнаа“ електричниот автомобил.

-Климатските активисти уништуваат електрично возило, ммм зошто да не...- беше само еден од коментарите кои ја истакнаа иронијата.

Видеото од нападот се појави на социјалните мрежи и предизвика големо внимание.

Локалните власти започнаа истрага за инцидентот, а полицијата ги разгледува видео доказите за да ги идентификува сторителите, јавува latestly.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ.

Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината.

Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари.

Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар.

Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Извини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико.

Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата.

Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот.

Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи.

На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Мадона го покажа својот дом во Лондон, луѓето гледаат со неверување.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание.

Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години.

„Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“.

YouTube video

Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа.

Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс.

„Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“

Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде:

„Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер