Германската полиција, поради објава на Фејсбук , заплени БМВ од 350.000 евра и му ја зеде возачката на сопственикот

Возачот на скапиот BMW i8 , откако возеше дивјачки по улиците и учествувал на нелегални трки, го споделил видеото на Фејсбук.

Видеото било снимено од полицијата , која можела да види дека го вози БМВ  со 200 км на час на пат каде што било дозволено 100км/час.

На почетокот на февруари, германската полиција започнала истрага и наскоро го лоцирала 40-годишниот сопственик во градот Кајзерслаутерн. Скапиот БМВ бил пронајден скриен во гаражата и веднаш е запленет. Полицијата проценува дека автомобилот, приспособен за трки ,  имал дополнителна опрема во вредност од околу 160.000 евра, додека BMW i8 чини околу 350.000 евра.

Полицијата соопшти дека имало многу нелегални модификации, вклучително и изменета воздушна суспензија. Поточно, автомобилот бил толку низок што им требало еден час да го извлечат неоштетен од гаражата. Поради брзото возење и учеството во нелегална авто трки според сегашниот закон од  2017 година, сопственикот ја загуби и возачката дозвола.

притисни ентер