ТехнологијаГерманска компанија вложува 2 милијарди евра за производство на чипови во Малезија Германскиот производител на полупроводници Infineon денеска најави дека годинава ќе инвестира повеќе од две милијарди евра во изградба на нова фабрика во МалезијаГрадежните работи на градилиштето Кулим, каде што Infineon веќе има два објекти, ќе започнат во јуни, соопштила компанијата. Производството на чиповите во новата фабрика се очекува да започне во втората половина на 2024 година и да донесе околу 900 нови работни места. Infineon ќе произведува силициум карбид и полупроводници галиум нитрид во новата фабрика. Со полн капацитет, фабриката се очекува да оствари годишен приход од две милијарди евра. Германската компанија кон крајот на минатата година објави дека ќе ги зголеми инвестициите за 50 отсто во 2022 година и ќе инвестира околу 2,4 милијарди евра во проширување на производството. Во септември отворија нова фабрика во Австрија вредна 1,6 милијарди евра, зголемувајќи го нејзиниот капацитет за производство на чипови за автомобили, центри за податоци и енергија од обновливи извори. Извршниот директор Рајнхард Плос тогаш изјави дека очекува значителен пораст на цената на полупроводниците, истакнувајќи дека индустријата е подготвена да плати „астрономски цени“. Infineon ја припишува тесната понуда на пазарите на полупроводници, во период на нагло закрепнување на побарувачката по олеснувањето на ограничувањата поради корона, на недоволните инвестиции од страна на производствените партнери, што резултира со прекини во синџирот на снабдување, особено во автомобилската индустрија. Производителите на чипови инвестираа главно во производство на процесори со поголема маржа што се користат во уреди како што се паметните телефони, така што тие не успеваат да ја задоволат побарувачката за постари чипови што се користат во автомобилите, тврдат од Infineon, пренесува Маркетвоч.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаГрад Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто ОризариСоветот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти.Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во општина Кисела Вода ќе се реализира проектот за пробивање и продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек. Со ова се овозможува подобро сообраќајно поврзување, зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, намалување на сообраќајниот метеж и создавање современо инфраструктурно решение за овој дел од градот. Продолжувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ претставува важен чекор кон подобрување на урбаната мобилност и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на Кисела Вода. Истовремено, започнува реализацијата на неколку капитални инфраструктурни зафати во општина Шуто Оризари. Предвидена е санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, санација на главната улица во населеното место Горно Оризари, како и санација на улица „37“ со изградба и унапредување на водоводната мрежа. Овие проекти претставуваат конкретен одговор на долгогодишните потреби на жителите на Шуто Оризари и значат подобри услови за живот преку изградба на квалитетна инфраструктура, побезбедни улици и сигурно водоснабдување. Град Скопје останува посветен на рамномерниот развој на сите општини и населени места, со фокус на реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Политиката на рамномерен развој подразбира еднаков пристап кон инвестиции во сите делови на градот, без запоставени населби и без разлика на нивната местоположба. Во наредниот период следува реализација на нови инфраструктурни проекти во повеќе скопски општини, со цел создавање подобри услови за живот, поквалитетна инфраструктура и современ урбан развој за сите граѓани на Скопје. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: Имаме најниска минимална плата во регионот и пад на индустриското производство„Имаме нови задолжувања, не држи одговорот на колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека заради враќање на старите долгови “Она со кое настапија на изборите и она што стоеше во програмата на Влада не е исполнето, колку и да сакаат да извртуваат со бројки и статистики, не може да им помине. Имаме најниска минимална плата во регионот од 26 илјади денари. Имаме пад на индустриско производство, буџет кој што го зголемува дефицитот, надвор од законската регулатива 4,1 %. Имаме нови задолжувања, не држи одговорот на колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека заради враќање на старите долгови. За економија која што велат дека е трета, ако вие имате да вратите долг од 700 милиони евра, земате кредит од една милијарда евра, тоа значи дека создавате нето нов долг од 300 милиони евра, вели пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска во Само Вистини со Видиновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на СолунЗа санација на штетите на инфраструктурата во поширокиот регион на Солун предизвикани од пожарот што избувна во саботата во солунското предградие Ореокастро, ќе бидат обезбедени пет милиони евра, соопштија грчките власти. Заменик – министерот за цивилна заштита Костас Кацафадос, информираше дека граѓаните чии домови претрпеле штети веднаш ќе ја добијат првата финансиска помош по завршувањето на увидите. Големиот пожар во солунското предградие ореокастро избувна во саботата вечерта, а изгореа бизниси, фабрики и домови и беа евакуирани две села како и установата за лица со хронични заболувања, доддека пак за предизвикувањето на пожарот беше уапсен е 76-годишен маж. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook