3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
АвтомобилизамГерманска компанија има идеална иновација за оние кои не знаат да паркираат- вртење во местоДали некогаш сте се соочиле со ситуација кога треба да го свртите автомобилот во релативно тесна слепа улица? Или сте се нашле во ситуација паркираниот автомобил да ви го стискаат други паркирани пред и позади, па да паркирате паралелно?Досега возилата кои овозможуваа вакви маневри беа многу специфични и ретки. Сепак, германските инженери сега конструираа механичко решение за предните тркала што им овозможува на сите идни автомобили да прават превртувања со многу краток дијаметар и да се стиснат во многу тесни простори. Германската компанија ZF, која вообичаено се занимава со производство на автомобилски делови, дизајнира и произведе нов концепт на предната оска на суспензијата, што овозможува вртење на тркалата за 80 степени. Ова иновативно решение го нарекоа EasyTurn и очекуваат дека ќе подобри голем број патнички и товарни возила при тешки услови за возење во центрите на градовите, паркинзи, тесни премини, градилишта, зони за товарење и слично. Демонстративното видео изгледа доста убедливо. Експертите од специјализираната веб-страница Interesting Engineering коментираат дека видеото што го демонстрира ZF EasyTurn во акција изгледа зачудувачки: додека возачот маневрира со автомобилот, предните тркала изгледаат дури и како да ќе паднат додека се тркалаат по улицата, но тоа е токму отворот на поширокиот простор за вртење на тркалата што овозможува неверојатни вртења, но и го поставува прашањето за безбедноста. Имено, ако имате автомобил со погон на задните тркала, тогаш вртењето на предните тркала за 80 степени е многу лоша идеја. Притисокот на задниот погон на целосно свртените предни тркала би бил преголем. Но, ако решението е поставено на автомобилите со погон на предните тркала, тогаш ова необично решение за управување е логично. Во секој случај, видеото покажува како BMW i3 успева да паркира на многу тесни места за паркирање и да прави нереални свртувања во простор што не е повеќе од 3,5 пати поширок од неговата ширина. Видеото е импресивно, но се уште не е познато какви се точно плановите на компанијата ZF со новото решение. Потенцијалот за апликација е огромен. Иако се чини дека е иновација применлива за повеќето возила, можно е компанијата да се одлучи за стратегија новото решение да го врзе првенствено со скапите автомобили или некои возила за специјална намена. Но, видеото за презентација сугерира многу широка апликација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Cessna 210“ се урна во Мексико.Воздухопловните власти потврдија дека леталото паднало набргу по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго. Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време. Леталото се упатило кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос. Breaking News - Mexico Plane Crash A Cessna 210 aircraft (registration XB-AZG) crashed in the Venta Prieta neighborhood of Pachuca, Hidalgo, Mexico, crashing into Avenida El Tezontle just minutes after departing the Ingeniero Juan Guillermo Villasana Airport The pilot, Moisés González Meléndez and co-pilot, José Jaime Jarqu ín Ramos, died at the scene. — ArchonicMatrix (@ArchonicMatrix) November 3, 2026 Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, врз авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на падот се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс. Започната е истрага Од „AFAC“ соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е и административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигна персонал од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи. Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите, ниту детали за нивните улоги во авионот. Во моментов нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата, ниту дали е причинета штета на објекти или возила. „ Cessna 210“ е едномоторен авион што се користи во приватната и општата авијација.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝЌерката на поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик. Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години. Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко. Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил. Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева со згрозување и осуда за изјавите на Петар БогојескиСо згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева. Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување. Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00