Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
3Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд
СветГерманија се подготвува за можен руски напад: „Обезбедете залихи за 10 дена“Германија изработува планови за брзо проширување на мрежата на отпорни засолништа и бункери, предупредувајќи дека земјата мора да биде подготвена за можен напад од Русија во следните четири години.Германија изработува планови за брзо проширување на мрежата на отпорни засолништа и бункери, предупредувајќи дека земјата мора да биде подготвена за можен напад од Русија во следните четири години, изјави Ралф Тислер, директор на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK). Тислер за весникот „Зиддојче Цајтунг“ рече дека Германија, како најголема европска економија, е недоволно подготвена за потенцијален конфликт. - Долго време во Германија преовладуваше уверувањето дека војната не е сценарио за кое треба да се подготвуваме. Тоа се промени. Загрижени сме поради ризикот од голема агресивна војна во Европа, истакна тој. Тој повика на национален напор за идентификување и адаптирање на тунели, метро станици, подземни гаражи, паркинзи и подруми на јавни згради во заштитни засолништа за да се обезбеди простор за милион луѓе. BBK планира да презентира сеопфатен план ова лето. Според Тислер, изградбата на нови бункери би била скапа и бавна, па затоа постојните објекти мора веднаш да се разгледаат. Руската инвазија на Украина ги зголеми стравувањата во Германија, Полска и балтичките земји за можни нови фронтови во Европа. Од околу 2.000 бункери и заштитни простории од времето на Студената војна во Германија, само 580 се функционални и можат да примат околу 480.000 луѓе, или 0,5 отсто од населението. За споредба, Финска има 50.000 заштитни простории за 4,8 милиони луѓе, или 85 проценти од населението. Тислер повика на модернизација на системите за тревога, подобрување на информативните апликации и заштита од кибер-напади, како и обезбедување финансирање од владата на Фридрих Мерц. Потребите за цивилна заштита се проценуваат на 10 милијарди евра во следните четири години и 30 милијарди во наредните десет години. Тислер ги повика граѓаните да обезбедат залихи за итни случаи за најмалку 10 дена, или барем за 72 часа, за да се справат со можни прекини во снабдувањето со струја и вода. „Ова може да помогне во надминување на помали прекини во секојдневниот живот“, додаде тој. Тагови: Германија залихи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Шоу бизКарлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора. Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак. - Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг). Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК. Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден планЕдна од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите. Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент. Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот. Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисФото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругатаЕден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел. Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца. Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден. Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата. Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година. Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter