ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
3СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
ЕвропаГерманија повикува на „Европа со две брзини“ заради поголема конкурентностСега е време за Европа со две брзини, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл на собир одржан денеска во Берлин, во организација на германскиот весник „Ди Велт“.Министрите за финансии на Германија и Франција сакаат да ја зајакнат конкурентноста во рамки на Европската Унија преку воведување нов формат што би ги опфатил шесте водечки економии во Унијата, се наведува во писмо на Клингбајл во кое увид имаше агенцијата Ројтерс, пренесува Хина. Во писмото, германскиот министер ги повикува партнерите од Франција, Полска, Шпанија, Италија и Холандија на видеоконференциска средба, со цел изработка на „амбициозна и конкретна програма“ за зајакнување на суверенитетот, отпорноста и конкурентноста на Европа. Економиите на ЕУ настојуваат да ја намалат зависноста од увоз на критични суровини од земји како Кина, како и да ги ублажат стравувањата дека царините и фрагментацијата на глобалните пазари би можеле да го поткопаат економскиот раст и инвестициите. „За да опстане во сè понепредвидливата геополитичка ситуација, Европа мора да стане посилна и поотпорна“, напиша Клингбајл во писмото од понеделникот, додавајќи дека статус-кво состојбата не може да биде опција. Средбата закажана за среда треба да биде само „почеток“, по што се планираат и средби во живо на маргините на следната седница на Еврогрупата. Писмото содржи план во четири точки, кој опфаќа унапредување на унијата на пазарите на капитал, зајакнување на еврото, координација на инвестициите во одбраната и заедничка набавка на суровини. Според Клингбајл, коалицијата мора побрзо да воспостави унија на штедење и инвестиции, со цел обезбедување подобри услови за финансирање на европските компании, особено стартапите и брзорастечките фирми – таканаречените „скалап“ компании. Еврото, пак, треба да има улога на безбедно засолниште на меѓународната сцена, врз основа на предвидливост и владеење на правото, смета германскиот министер, кој повика на намалување на бирократијата и зајакнување на суверенитетот во платежниот сектор. Членките, според него, треба и подобро да соработуваат во трошоците за одбраната и да го потврдат нејзиниот приоритет во новиот повеќегодишен буџет на ЕУ. „Одбраната треба да стане мотор на растот“, нагласи Клингбајл. Со цел обезбедување стратешки резерви на ретки земни метали, тој предлага засилени напори за јакнење на отпорноста на синџирите на снабдување и поголем стратешки ангажман со меѓународни партнери. Идејата за „Европа со две брзини“ беше актуелна и во 2017 година, кога тогашниот француски претседател Франсоа Оланд ги повика лидерите на Италија, Германија и Шпанија на самит во Версај поради миграциската криза, но тогаш наиде на скепса кај поновите членки на Унијата, потсетува порталот „Еурактив“. Тагови: Германија Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНиколоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на СтрумицаНиколоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните. Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината. Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари. На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter