Владата во Берлин и сојузните држави вчера постигна договор, со кој се дозволува плаќање на хонорарните работници и малите бизниси.
Договорот беше одобрен од министрите за економија и финансии и ќе им овозможи на федералните држави пристап до фонд вреден вкупно 50 милијарди евра.
Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот се покажа како катастрофална за многу мали бизниси, самовработени и хонорарни работници како музичари, фотографи, уметници, преведувачи и негуватели.
Јавните настани се откажани, а економските активности во голема мерка се намалија, така што побарувачката за нивните услуги речиси запре преку ноќ. Малкумина од нив имаат право на плати поради откажани договори.
Програмата за државна помош има за цел да им помогне на групите на кои им е тешко да позајмуваат пари и не се опфатени со мерките за финансиска сигурност.
Компаниите што вработуваат до пет работници ќе добијат 9.000 евра за да ја задржат ликвидноста следните три месеци, а оние со максимум 10 работници ќе добијат 15.000 евра.
За да се квалификуваат за помош, тие ќе треба да докажат дека биле финансиски здрави пред кризата.
Министерот за економија Питер Алтмајер вчера потврди дека парите од фондот ќе бидат достапни и за земјоделците.
„Како и со другите мали бизниси, хонорарците и самовработените, потребите на многу земјоделци во моментов се големи“, истакна Алтмаер.