СветГерманија го менува законот- војската ќе урива дронови Германија планира да го измени својот закон за безбедност на воздушниот сообраќај за да им даде на своите вооружени сили овластување да соборуваат беспилотни летала, објави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добриндт.Одлуката доаѓа како одговор на растечката закана што ја претставуваат беспилотните летала, објавува Политико. Зборувајќи во Берлин, Добриндт рече дека зголемувањето на упадите со дронови над Германија и соседните земји е дел од „трајна хибридна закана“ што вклучува сè, од мали комерцијални квадрокоптери до координирани роеви беспилотни летала. „Ова е трка во вооружување - помеѓу заканите со беспилотни летала и одбраната од беспилотни летала“, рече Добриндт, додавајќи: „Ова е трка што не можеме да си дозволиме да ја изгубиме“. Зголемени закани во регионот Законодавниот потег следи по серија инциденти со беспилотни летала низ Данска и северна Германија, што предизвика сериозни загрижености за безбедноста и можната шпионажа. Во последните денови, беспилотни летала се забележани над бројни аеродроми и воени бази во Данска. Главниот аеродром во Копенхаген дури беше привремено затворен претходно оваа недела откако големи беспилотни летала беа забележани во ограничен воздушен простор. Нов центар и нови технологии Предлогот на министерот Добриндт се базира на два клучни столба. Првиот е формирање на национален центар за одбрана од беспилотни летала што ќе ги здружи ресурсите на федералната и покраинската полиција, федералната канцеларија за кривични истраги и германските вооружени сили (Бундесвер). Целта на центарот ќе биде да го здружи буџетот, да промовира истражување и да го координира развојот на нови технологии за пресретнување, вклучувајќи системи за попречување, преземања и контрамерки „дрон-до-дрон“. Вториот столб на предлогот е амандман на германскиот Закон за безбедност на воздухопловството од 2005 година. Новиот закон експлицитно би му дозволил на Бундесверот да интервенира како воена помош на цивилните власти во ситуации кога полициските капацитети се недоволни за справување со заканата. „Ова, секако, вклучува и опција за соборување беспилотни летала“, нагласи Добриндт. Правни предизвици и уставни ограничувања Сегашната законска рамка во Германија ѝ дозволува на полицијата само ограничена употреба на системи за попречување на сигналите или мрежите, што создава безбедносни празнини во одбраната од поголеми или милитаризирани беспилотни летала. Проширувањето на воените овластувања на домашен план покренува сложени правни прашања, бидејќи германскиот устав му забранува на Бундесверот да извршува редовни задачи за внатрешна безбедност. Ангажирањето на армијата на домашна територија е дозволено само во исклучителни ситуации, како што е помош при катастрофи, и по изрична барање на цивилните власти. И покрај овие уставни пречки, Добриндт најави дека предлогот за измена на законот ќе биде презентиран во парламентот веќе оваа есен.Тагови: Германија дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветЗеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна. - Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население. Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа. Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook