Германци ги тужат нискобуџетните авиокомпании- намамуваат со евтини летови, а наплатуваат рачен багаж - Канал 5

Германци ги тужат нискобуџетните авиокомпании- намамуваат со евтини летови, а наплатуваат рачен багаж

Германското Здружение на канцеларии за заштита на потрошувачите (VZBV) поднесе тужба против неколку нискобуџетни авиокомпании за наводно нелегални такси за рачен багаж, објави германската новинска агенција dpa.

Германци ги тужат нискобуџетните авиокомпании- намамуваат со евтини летови, а наплатуваат рачен багаж

„Ryanair, EasyJet и други ги мамат потрошувачите со ниски цени кои не вклучуваат стандарден рачен багаж. Ова е погрешно и ги крши постојните закони“, изјави денеска претседателката на VZBV, Рамона Поп, за весникот „Neue Osnabruecker Zeitung“.

Поп рече дека авиокомпаниите се должни да преземаат рачен багаж без дополнителни такси, но дека во многу случаи само торбичка околу половината или минијатурна женска чанта е вклучена во основната цена и дека поголемите торби мора дополнително да се платат. „Ограничувањата за големината на многу превозници не се во согласност со законодавството на Европската Унија“, додаде таа.

„Тие ги заведуваат потрошувачите во врска со цените на летовите“

Како прв чекор, VZBV издаде официјални предупредувања до неколку авиокомпании. Поп рече дека сега се поднесени тужби против Ryanair, EasyJet, Wizzair и Vueling Airlines. „Од наша перспектива, тие наплаќаат неприфатливи такси и затоа ги заведуваат потрошувачите во врска со цените на летовите“, истакна таа. Поп ја повика Европската Унија да воспостави јасни правила и стандарди за бесплатен рачен багаж.

Правните чекори на VZBV се дел од поширока кампања на европско ниво, објасни таа. VZBV се повикува на пресудата на Судот на Европската Унија од 2014 година, според која рачниот багаж е неразделен дел од воздушниот сообраќај, а не опционален, дополнителен трошок.

Групите за права на потрошувачите тврдат дека на авиокомпаниите не треба да им биде дозволено да наплаќаат дополнително за рачен багаж сè додека торбите се во разумни граници на големината и тежината и се во согласност со безбедносните правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер