МакедонијаГерасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман“Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната 11. седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа Предлог-одлуката за суспензија на дел од ДУП „Буњаковец 1“.Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната 11. седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа Предлог-одлуката за суспензија на дел од ДУП „Буњаковец 1“, со која требаше да се спречи реализацијата на спорната градба кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, сè додека не се обезбедат безбедни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот. За суспензијата гласаа 10 советници, што не беше доволно за донесување на одлуката. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не дадоа поддршка. Станува збор за градежна парцела на аголот на булеварите „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, за која Општина Центар уште минатата година укажа на сериозни безбедносни и правни проблеми. Единствениот пристап до парцелата минува покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, каде што се наоѓа резервоар со запаллива материја што се користи за греење, што претставува потенцијален ризик од пожар. Дополнително, пристапот до парцелата минува преку подземни инсталации што ја снабдуваат околната населба и студентскиот дом, како и преку објекти легализирани во минатото, за чие отстранување се потребни дополнителни постапки кои можат да предизвикаат сложени правни последици. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оцени дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со тоа што не дадоа поддршка за суспензијата, наместо да го заштитат јавниот интерес, го отворија патот за реализација на спорната градба. „Минатата година Советот со 19 гласа ЗА ја поддржа суспензијата затоа што сите бевме свесни за ризиците што ги носи оваа градба. Денес, проблемите се исти – нема соодветен и безбеден пристап, трасата минува покрај резервоар со запаллива материја, преку подземни инсталации и преку легализирани објекти. И покрај тоа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ останаа воздржани и не дозволија суспензијата да биде изгласана. Кога знаете дека постојат вакви ризици, а сепак не гласате за суспензија, тогаш оправдано се поставува прашањето чиј интерес штитите – на граѓаните или на инвеститорот? За мене безбедноста и интересот на граѓаните мора да бидат пред секој друг интерес“, изјави Герасимовски. Ставот на градоначалникот останува непроменет – на оваа локација не треба да се дозволи реализација на објект додека не се обезбедат целосно безбедни и законски услови за пристап, без загрозување на жителите, студентите и постојната инфраструктура. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16