МакедонијаГерасимовски: Собрани 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери, интензивно го расчистуваме сметот во ЦентарТој, информира дека ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека хигиеничарите на општината со целата механизација при денешното чистење собрале 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери откако ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт потфрлија и направија колапс и криза со хигиената во Скопје. „Интензивно чистиме во сите населби во Центар! Од рано изутрина, почнавме со чистење позади Капиштец, Водно, продолжуваме на повеќе локации во Дебар Маало, Кочо Рацин, Пролет позади Даре Џамбаз. Дел по дел, маало по маало, го расчистуваме целиот смет. Работиме во две смени, со активираност на целата механизација со која располагаме. Изминатава година постојано апелиравме за хигиената, но ги засукавме ракавите и чистиме и онаму кадешто општината нема надлежност, затоа што граѓаните заслужуваат чисти улици и празни контејнери без смет”, вели Герасимовски. Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. „Реализираме нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот. Викендов спроведуваме дератизација во училиштата и градинките. Во тек е вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради. За тоа, организираме средба со сите управители на згради и куќни совети. Ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво. Им благодарам на сите хигиеничари кои со натчовечки напори целиот овој период го чистат и хаосот на градската власт која го преплави Скопје во смет”, истакнува Герасимовски. Тој, ги повика компаниите да помогнат со механизација, камиони и логистика, ова е момент кога треба да се покаже општествена одговорност и солидарност.Тагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09