3Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
МакедонијаГерасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањетоОпштина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време протекуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето.Во рамки на градежно-санациските работи, платото е целосно обновено. Отстранети се сите постојни слоеви до конструкцијата, а поставени се нова хидро и термоизолација, нова кошулка и нови плочки. Направени се и решетки за површинско одводнување на атмосферските води. За учениците се поставени нови клупи за одмор, со што платото повторно е во функција на учениците. Дополнително се обновува и оградата во училиштето. „Долго време оваа површина беше сериозен проблем за училиштето. При посилни врнежи, водата ја поплавуваше спортската сала и ходниците, па затоа беше потребна целосна санација, а не привремено решение. Со новата хидро и термоизолација и целосното уредување на платото, го решаваме проблемот и обезбедуваме подобри услови за настава“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар континуирано вложува во училишната инфраструктура и создава поквалитетни услови за учење, спорт и секојдневен престој на учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“.Тој предупреди дека оние што веруваат оти можат да го видат крајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, „ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“ доколку не го сменат правецот. „Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето што ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“. Администрацијата на Трамп претходно изјави дека нејзината цел е „да ја промени комунистичката влада на Куба“. „За жал, меѓу луѓето што продолжуваат да извикуваат револуционерни пароли, премногумина сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација без притоа да направат какви било промени или да преземат некаква акција. Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин доколку не се поправат“, изјави Рубио. Претходно оваа година, САД воведоа ембарго на нафтата кон Хавана, вршејќи дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон. За време на викендот, Трамп изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и оти не смета дека ќе биде потребна воена интервенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две деценииАмериканските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна. Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава. Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“. Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter