МакедонијаГерасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчињаГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари. Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар. „Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Општина Центар. Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаМуцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измениОхрабрување за проширувањето на регионот но и расчистување на дилемите околу предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц очекува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за време на самитот ЕУ Западен Балкан во Тиват.Во одговор на новинарски прашања ги повтори и цврстите позиции на земјава – Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени. Според Муцунски без гаранции нема поместување од позициите и повтори дека најмалку што може да направи Софија во моментов е да ги исполни своите обврски согласно меѓународното јавно право. „Без сомнеж очекува дека нешто ќе се промени на самитот во Тиват пред се што истиот се одржува во регионот, очекуваме да се пратат дополнителни сигнали за охрабрување кон регионот од една колективна смисла веројатно една од темите за дискусија бидејќи се очекува присуство на канцеларот Мерц како тој ја гледа политиката на проширување. Еден од позитивните сигнали што ги слушаме веројатно изворно ќе го слушнеме во Тиват е дека тие идеи кои тој ги образложи во своето писмо не се толкуваат алтернативно односно дека ќе има некој нов модел без пат кон полноправно членство туку како еден паралелен процес кој би се одвивал. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи. На самитот ЕУ – Западен Балкан, од својата последна дестинација Белград, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заминува со порака дека проширувањето на Западен Балкан е најважното прашање на Унијата во моментов но земјите вели мора да ги спроведат реформите и обврските. Во Тиват освен шефовите на држави и влади на шесте земји од регионот пристуни ќе бидат и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, и германскиот канцелар Фридрих Мерц. „ За нас проширувањето на Западен Балкан е најважно геополитичко вложување со кое Европската унија се занимава во моментов. Знам дека утре лидерите на ЕУ ќе разговараат со лидерите на Западен Балкан како да ја унапредиме методологија, како брзо би напредувале и подобро, но тоа не значи дека ќе биде лесно туку како да ги испорачаме заедно резултатити побрзо.“ - Антонио Кошта – претседател на Евроспкиот совет. Самитот според најавите ќе биде поделен на пленарна сесија каде главна тема ќе биде интеграцијата на регионот и планот за раст, додека на работниот ручек фокусот ќе биде ставен на проширувањето и усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата. Вчера и премиерот Мицкоски пред заминувањето во Црна Гора рече дека преговарачкиот процес со ЕУ е маратон, не спринт, а ставот на Владата останува непроменет и нема цена што ќе ги натера да влезат во авантура без јасни гаранции и извесен крај. За следната недела Муцунски пак најави можни средби на високо ниво, за време на, како што рече, неговата и посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Бугарија по повод регионален настан... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансеротВо наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот.. Во Собранието е Јана Јосифоска.. Јана, до каде е комисиската расправа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Македонија30-дневен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за местење тендер во ЦаринаНа поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“На поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“ и на еден вработен во истата приватна компанија судот на барање на обвинителството синоќа им одреди 30-дневен притвор. Четворицата се сомничат дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на економскиот оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на истиот да стекне противправна имотна корист во износ од околу 300 илјади евра. Според судотво случајот постои основано сомнение дека се сторени кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделуваењ договор или јавно приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.. -Постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Откако попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, судот донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП. – Кривичен суд Одбраната на Богоев најави дека ќе се жалат на одлуката за притвор Адвокатката Алексиќ потврди дека понудиле и гаранции кои судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле дадени никакви докази. -Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата.На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат.- Сања Алексиќ- адвокатка на Стефан Богоев. Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот бил побаран поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоциКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook