Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
МакедонијаГерасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потребиОпштина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности. „Со проектот „Образование за сите", продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост. Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост. Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари. Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот. Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00