МакедонијаГерасимовски: Отстранети бесправно поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршијаВо текот на ноќта се отстранети нелегално поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и сувенири.Акцијата беше реализирана по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи при Општина Центар, врз основа на претходно извршен вонреден инспекциски надзор. Со решението беше наложено нивно отстранување, по што лицата постапија согласно истото и во доцните вечерни часови самостојно ги демонтираа тезгите. Со ова се расчисти просторот на еден од најфреквентните влезови во чаршијата, кој подолг период беше исполнет со импровизирани штандови што го нарушуваа изгледот на просторот и го отежнуваа движењето на пешаците. „Редот мора да важи за сите. Нема да дозволиме јавниот простор да се узурпира и да се нарушува изгледот на едно од најзначајните културно-историски подрачја во Скопје. Ќе продолжиме со контроли и ќе постапуваме секаде каде што има бесправно поставени објекти, во интерес на граѓаните и посетителите“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Акцијата се реализираше со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија. Општина Центар ќе продолжи со засилени инспекциски контроли со цел зачувување на јавниот ред, урбаниот изглед и безбедното движење на граѓаните. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиониШвајцарија денес ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странциТагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина КарпошНа 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во ИлинденДенес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter