Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари - Канал 5

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари.


„Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски.


Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат.


„Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци , да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности “, порача Герасимовски.


Општина Центар втора година по ред успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затвореник загина во Идризово- се качил на бандера и се фатил за жица под напон

Трагичен настан се случил во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што животот го загубил 42-годишен маж.

Затвореник загина во Идризово- се качил на бандера и се фатил за жица под напон

Како што информираат од МВР, на 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И. (42) се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон.

При инцидентот тој паднал, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британка е убиена во напад со нож на железничка станица во Германија

Британка почина по напад со нож на железничка станица во Розенхајм на југот на Германија. 

Британка е убиена во напад со нож на железничка станица во Германија

Нападот се случил рано утрово, а полицијата потврди дека 31-годишната жена им подлегнала на повредите во болница, пишува Би-Би-Си.

Уапсен е млад германски државјанин

Според соопштението на баварската полиција, нападот се случил непосредно пред еден часот наутро. Кратко по инцидентот, полицајците уапсиле 27-годишен германски државјанин на местото на настанот. Покрената е истрага за да се утврди мотивот и сите околности на нападот.

Полицијата бара сведоци

Полицијата упати јавна покана до граѓаните кои биле на станицата доцна во саботата или рано во неделата. Секој што можеби видел „расправија или физичка пресметка“ е замолен да ги контактира властите.

Розенхајм е еден од најголемите градови во Горна Баварија. Градот е исто така важен железнички центар на линиите до австриските градови како што се Виена, Салцбург и Инсбрук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно?

„До кога ќе се молиме Господ да нѐ чува затоа што институциите очигледно не нѐ чуваат?! “

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно?

„До кога ќе се молиме Господ да нѐ чува затоа што институциите очигледно не нѐ чуваат?! Пред една година јавно предупредував за безбедноста на жичницата на Водно и прашував дали треба да се случи трагедија за некој конечно да преземе одговорност. После една година жичницата е сѐ уште затворена“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.

„Денес на Водно се запали двокатен автобус на ЈСП. За среќа, нема жртви. А што ако имаше луѓе внатре?! Ќе беше ли тоа уште една „трагедија“, уште еден ден на жалост, уште едно „ќе ги испитаме причините“ – и повторно никој виновен“, вели претседателката на ЛДП во објавата.

Зајкова дополнително прашува кој ги проверува автобусите со кои секој ден се превезуваат илјадници граѓани? Кога последно се сервисирани и на кој начин? Кој гарантира дека се технички исправни? Кој потпишува дека се безбедни?

„Или веќе сѐ во ова општество сме оставиле на Господ да нѐ чува?! Не можеме повеќе да живееме од една среќна околност до друга. Денес возачот реагирал навреме и спречил поголема катастрофа. Утре можеби нема да имаме толку среќа. Кородираме во секое поле – институции, инфраструктура, јавен превоз, одговорност 0“, децидна е претседателката на ЛДП, Зајкова и додава дека безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, а одговорноста не се бара само откако ќе се изгуби човечки живот!, објави на ФБ Моника Зајкова од ЛДП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер