Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови - Канал 5

Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“.

Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ каде што разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и идеи за подобрување на условите за пензионерите во општината.

Герасимовски, информираше дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.

„Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клуба и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба“, изјави Герасимовски.

Општина Центар останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.

Општина Центар

Шефот на Баер Леверкузен откри дали Вирц се договорил со Баерн Минхен

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, ги негираше информациите дека плејмејкерот на „аспирините“, Флоријан Вирц, се согласил да се приклучи на шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

Шефот на Баер Леверкузен откри дали Вирц се договорил со Баерн Минхен

-Знам дека ова не е вистина и досадно е да се читаат статии што не се вистинити, изјави Каро за „РТЛ“.

Тој исто така рече дека клубот има добри односи со Вирц и неговите родители, а неговиот татко е и негов агент.

-Секако, Флоријан мора да размисли за својата иднина, но барем засега, не знаеме за никаква негова одлука. Тоа е вистината, додаде Фернандо Каро на темата.

Весникот „Билд“ веќе објави дека германскиот репрезентативец се согласил да се приклучи на Баерн ова или следното лето за 100 милиони евра.

Играчот од средниот ред има договор со „аспирините“ до летото 2027 година, а за него е заинтересиран и Манчестер Сити. Менаџерот на „небесно сините“, Пеп Гвардиола, го сака Вирц како замена за Кевин де Бруин, кој го напушта Сити.

Семејството на Флоријан Вирц отпатува во Манчестер во вторникот, но засега нема коментари за тоа што било договорено на англиска почва.

Трамп: Незнам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе се појави на преговорите за војната во Украина закажани за утре во Турција.

Трамп: Незнам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција

„Тој би сакал да бидам таму и тоа е можно... Не знам дали ќе дојде ако не сум таму. Ќе видиме“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Катар.

Заменик-претседателот на руската Дума изјави дека составот на делегацијата на Москва за мировните преговори со Украина утре во Истанбул ќе биде објавен вечер, додавајќи дека на маса би можела да биде размената на сите затвореници.

„Што се однесува до Истанбул, нема да кажам ништо, сè ќе знаете вечер“, рече Леонид Слуцки, шеф на Либерално-демократската партија (ЛДПР), во интервју за каналот SHOT на комуникациската платформа Телеграм.

„Дали навистина сакаме да промениме сè за сите воени затвореници е прашање што може да се разгледа“, рече тој.

Кремљ сè уште не објави кој ќе биде во руската делегација на претстојните преговори со Украина во Истанбул.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека делегацијата дефинитивно ќе биде во Турција утре. „Ќе го објавиме составот на делегацијата кога ќе добиеме соодветни инструкции од претседателот. Досега немало такви инструкции“, рече Песков на прес-конференција.

Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа

 Кремљ денеска соопшти дека смета оти ширењето на нуклеарно оружје во Европа нема да придонесе за безбедноста на европскиот континент.

Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа

- Ширењето на нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ја зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста на европскиот континент, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Макрон претходно изјави дека неговата земја е подготвена за дијалог за распоредување на своите авиони способни за носење нуклеарно оружје во други земји на ЕУ.

Говорејќи на тема европско нуклеарно одвраќање, Макрон вчера рече дека Франција нема да плаќа за безбедноста на другите.

- Сакам да почнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде одземање од она што го имаме, а конечната одлука секогаш ќе биде на Франција. Подготвени сме да отвориме дискусија, посебно за распоредување на авиони вооружени со нуклеарни бомби во други европски земји, рече Макрон.

притисни ентер