„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“
2„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“
БалканГерапетритис: Со Египет работиме на обезбедување на правата на Синајскиот манастир Св. КатеринаВо изјава за државната телевизија ЕРТ, Герапетритис по средбата рече дека нивните односи со Египет „се длабоки и имаат развиено стратешки карактеристики“. Прашањата поврзани со Синајскиот манастир Света Катерина беа во фокусот на средбата во Каиро на министрите за надворешни работи на Грција и Египет Јоргос Герапетритис и Бадр Абделати, а шефот на грчката дипломатија посочи дека работат на обезбедување на правата на манастирот, јави дописничката на МИА од Атина. Во изјава за државната телевизија ЕРТ, Герапетритис по средбата рече дека нивните односи со Египет „се длабоки и имаат развиено стратешки карактеристики“. - Со египетскиот министер за надворешни работи разговаравме за прашањата поврзани со манастирот Света Катерина на планината Синај. Се договоривме во непосредна иднина да работиме на обезбедување на правата на манастирот, како и на неговата правна форма и лик. Намерата на Египет и Грција е да одиме напред врз основа на долгогодишната традиција и веќе воспоставениот статус на манастирот симбол поради неговиот грчко-православен култен карактер, рече Герапетритис. Посетата на шефот на грчката дипломатија на Каиро доаѓа по одлуката на египетски суд во врска со статусотна манастирот Света Катерина.Тагови: Герапетритис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвакуиран државјанин на Романија кај пештерата Врело на кањон МаткаНа 11.07.2026 околу 21:20 часот во СВР Скопје Б.А.(58) од Романија пријавил дека се изгубил во близина на кањон Матка. Имено, Б.А. преку мобилен телефон испратил координати на кои било означено дека се наоѓа во близина на пештерата Врело. По преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје тој бил пронајден во шумата кај пештерата Врело во добра здравствена состојба.Тагови: Матка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање... -Се почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и кратко време сум живеел тука, а сега веќе 15 години живеам во Холандија. Едноставно се идентифкував со приказната, а кинематографијата има и еден магичен свет. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома. Филмот е за потрагата по корењата, а во тоа голема помош имав од соработниците-актерите Христијан Крстевски, Талија Ѓорѓиева и Тони Наумовски. рече Трпков. Публиката во Дојран, синоќа имаше ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Станува збор за иранскиот филм „Коцкарот“, кој го турка иранското жанровско кино на смела нова територија како сајбер-трилер заснован на вистински случај на дигитална војна, допирајќи се до глобалните вознемирености околу податоците, довербата и невидливите непријатели. Филмот ја демонстрира способноста на иранската индустрија да се движи помеѓу поетскиот реализам, интимната социјална драма, мета-кинематската носталгија, етичкиот хуманизам и висококонцептуалниот трилер. Претходно беше прикажан македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи кај публиката. Станува збор за филм кој ја обработува темата за врсничкото насилство, мошне актуелна тема, за која како што рече режисерот треба да се зборува. Инспирација за филмот му бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија, но со оглед на тоа што и кај нас станува се почеста тема, Момировски истакна дека и родителите и училиштето и целата држава се одговорни и треба да влијаат тоа да не се повторува повеќе. -Тоа е нов вид на насилство. За жал никако булингот да стане бајата тема кај нас, еве деновиве пак гледаме такви примери. Комплетно целото општество е одговорно и треба да влијаеме да немаме повеќе вакви случувања. Мораме сите да се вратиме на онаа филозофија декае потребно цело село за да се израсне едно дете, тоа ни е потребно и мислам дека треба да ги слушаме децата, да не ги запоставуваме и повеќе да им се посветиме, рече Момировски. 12 Јули НЕДЕЛА - Амфитеатар Дојран КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА 20:30 МРТВИ КОРЕЊА, режија Меглен Анжик Трпков / ХОЛАНДИЈА, МАКЕДОНИЈА DEAD ROOTS / directed by Meglen Anzik Trpkov / HOLLAND, MACEDONIA / 2026 / 25 min ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА 21:00 ОДРАЗОТ ВО МРТВИОТ ДИЈАМАНТ режија Елен Кате, Бруно Форцани / БЕЛГИЈА / 2025 REFLECTION IN A DEAD DIAMOND directed by Hélène Cattet, Bruno Forzani / BELGIUM / 2025 / 87 min КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА 22:30 БАДНИКОВИ СВЕТИЛКИ, режија Ѓорѓи Лазов / МАКЕДОНИЈА CHRISTMAS LIGHTS / directed by Gorgi Lazov / MACEDONIA / 2025 / 17 min 23:00 ЗА ЕВА, режија Бојан Василев / МАКЕДОНИЈА FOR EVA directed by Bojan Vasilev / MACEDONIA / 2025 / 14 minТагови: Преку езерото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Поројни врнежи и грмежи во КумановоПоројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!Од УХМР информираат дека невремето се движи од запад кон исток!Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook